Црно-белиот пешачки е премногу „бел“

После еден трагичен инцидент во кој настрада црнец кој минувал улица надвор од пешачки, прогресивните сили на САД најдоа чудесен начин како да се спречат такви работи во иднина.

Негде во февруари имаше еден трагичен инцидент во Оринџ каунти со еден црнец што преминал улица вон пешачки, или барем така им се видело на двајцата полицајци кои го запреле. Овој се изнервирал што го сопираат без везе па станал малку агресивен, овие го соборуваат на земја и тоа завршува така што џандарите го упуцуваат на мртво.

Можеше да стане тоа нов Џорџ Флојд случај но полицијата отпосле извади снимка на која се гледа дека во борењето на земја, овој посегнал по пиштолот на еден од полицајците.

Бидна тоа. Глејте ги сега прогресивците, како би тие да спречат вакво нешто да не се случува во иднина:

Да се декриминализира преминување на улица вон пешачки и на црвено светло!

Таков предлог закон поднел калифорнискиот законодавец Фил Тинг според кого, казнувањето за преминување вон пешaчки се применува селективно и дискриминирачки па затоа предлага целата таа сообраќајна дисциплина да се олабави. 

Едно од неговите решенија е човек да може кај сака да се вклучи во сообраќај, ако не гледа непосредна опасност за тоа. 

Полицијата веднаш предупреди дека дури тогаш ќе се внесе хаос на улиците и ќе се отвори дополнителен простор за арбитрерност и слободно толкување на сообраќајните правила.

За среќа, предлогот на Фил Тинг бил премногу прогресивен дури и за прогресивниот гувернер Њусом кој стави вето на предлогот потсетувајќи дека Калифорнија има една од највисоките стапки на смртни случаи на пешаци  и дека според истражувањата, 63% од пешаците ги игнорираат прописите и знаците.

*******

Кај нас слободата за прeминување улица кај ти прдне одамна ја имаат изборено министри, професори и благонадежни амбасадори кои, во некои случаи, знаат да се сместат во еден човек.

Види овде.

 

 

15 октомври 2021 - 12:40