Германија ќе ги обештети преживеаните Евреи од Ленинград

Германската програма за обештетување на преживеани од Холокаустот се прошири и опфати и илјадници Евреи кои ја преживеале опсадата на Ленинград. Онаа Бугарија, државата која ги плаќаше возовите со кои македонските Евреи беа праќани во Треблинка, кога ќе се фаќа за џеб?

Лицата кои влегоа во програмата ќе добиваат по 435 долари месечно до крајот на своите животи како резултат на договорот меѓу германската влада и Конференцијата која ги претставува преживеаните од Холокаустот. 

Се работи за дополнителни 6.500 лица, меѓу кои има и илјадници Евреи кои ја преживеале бруталната германска опсада на Ленинград, но и околу 1.200 преживеани од Романија и Франција.

Договорот е тежок 767 милиони долари.

Германската влада на почетокот влегла во дијалогот со став дека и не-Евреи страдале во опсадата но другата преговарачка страна успеала да ги убеди дека токму Евреите биле причина за опсадата на градот и дека нивото со кое биле прогонувани е е поголемо од другите страдалници.

Главниот преговарач кој ги застапувал преживеаните, инаку поранешен амабасадор на САД во ЕУ, Стјуарт Ајзенштат, ја пофали германската страна што прифатила дека и натаму имаат морална одговорност кон тие лица.

Конференцијата проценува дека 50% од преживеаните од Холкаустот денес живеат во сиромаштија и дека и денес имаат поголеми проблеми со здравјето од своите врсници затоа што биле недоволно хранети како деца.

Во опсадата на Ленинград, животот го имаат изгубено преку еден милион луѓе.

7 октомври 2021 - 13:37