„Јас целиот мој живот се сметам за левичар и либерал и мене сигурно не можете да ме етикетирате како подржувач на Трамп“ вели некогашниот актер кој стана независен коментатор кого редовно го следи милионска публика, за да долови колку бил шокиран и запрепастен од епилогот на таа афера.
Русијагејт се темели на обвиненијата и материјалите за сомнителните односи Трамп-Русија кои до ФБИ ги доставува адвокатот Мајкл Сусман кој тоа го претставува како патриотска должност но притоа го лаже Бирото дека лично нема никаков интерес во случајот. А има. Последните судски сознија за случајот откриваат дека адвокатската фирма во која Сусман е партнер е важен играч во политиките на Демократите а негов близок соработник од тоа време е Марк Елијас кој беше главен советник за кампањата на Клинтон во 2016 година. Но не само тоа. Сусман истовремено се надевал и дека за брзо време ќе стане главен човек за сајбер безбедност во новата администрација на Клинтон.
„Јас сакав да верувам дека на Демократската партија може да ѝ се верува, дека тоа навистина е партија на инклузивност, диверзитет, социјална правда и слични други позитивни социјални идеи. Но се сомневам дека тоа за нив се само тотемски амблеми кои ги ставаат на својот излог за да маскираат својата регуларна и вообичаена корумпираност.“
Во продолжение, Бренд ги дижестира клучните сознанија за аферата до кои дојде Глен Гринвалд.