Американската средна класа е на колена

За првпат воп историјата, топ 1 процент од најбогатите Американци имаат повеќе од целата американска средна класа. Колку да не ве чуди што Безос и компанија толку вложуваат во БЛМ и слични колективистички разбудености, за да не се сетат луѓето каде всушност лежи зајакот.

Најбогатите еден процент поседуваат повеќе од целата американска класа која денес стои најлошо во историјата, барем откако се мерат овие параметри. 

Ова го покажуваат податоците од американските федерални резерви по кои уделот на средната класа во целокупното национално богатство е паднат на само 26,6 проценти, што е рекордно низок процент.

Средната класа е дефинирана со 60% од сите американски домаќинства кои по приход се наоѓаат во средина на приходните ставки. Се работи за 77,5 милиони домаќинства со годишни приходи меѓу 27.000 и 141.000 долари.

Во меѓувреме, топ 1% го зголемил својот удел во вкупното богатство за 27 проценти, за првпат претекнувајќи ја средната класа. Најбогатите Американци се околу 1,3 милиони луѓе.

Од 1991 година до сега, 20-те проценти најдобро платени Американци го зголемиле својот удел во националното богаттво за 10 процентни поени додека средната класа постојано опаѓа во сите параметри.

Анализа на топ економисти од 2019 година покажа дека 400-те најбогати Американци платиле помал данок било која друга приходна група во земјата.

Во политичката теорија, средната класа се смета за клучен фактор на стабилноста на општествениот систем затоа што служи како бафер зона меѓу политичките гледишта кои ги претставуваат двата екстрема на економските класи.

12 октомври 2021 - 13:03