Иако не негира дека има малку жени што ја добиле наградата, Хансон порачува дека наградата на крај ќе оди кај оние што „најмногу ја заслужуваат“.
„Тажно е што има толку малку жени добитнички на Нобелова награда и тоа ги одразува нефер условите во нашето општество, посебно во минатото, но кои се уште постојат. И има толку многу што можеме да направиме.
Ние одлучивме дека нема да има квоти за пол и националност. Сакаме секој лауреат да биде прифатен... затоа што го направиле најважното откритие, а не заради полот или националноста. И тоа е во согласност со духот од тестаментот за Алфред Нобел,“ изјавил Хансон во интервју за Франс-прес.
Годинава единствена добитничка на наградата беше филипинската новинарка Марија Реса, а од основањето на Нобеловите награди во 1901, само 59 пати наградата завршила кај жени, или 6,2% од сите награди.
Хансон порачал дека академијата ќе даде се од себе за секоја „жена што заслужува да добие фер шанса и да биде евалуирана за Нобеловата награда“ и дека ќе бидат направени „значителни напори“ за поттикнување на номинации на жени научници.
„Ќе направиме сè за да се осигуриме дека сме свесни за проблемот и за потсвесната пристрасност во комитетите и академиите што ги доделуваат наградите. Имавме предавања од социолози, имавме групни дискусии, вложивме навистина многу труд во тоа.
На крајот, наградата ќе ја дадеме на оние што најмногу ја заслужуваат. Оние кои имаат најважен придонес,“ објаснил Хансон.
Едно од објаснувањата на Хансон е дека академијата го има разгледувано воведувањето квоти меѓутоа било отфрлено по основа дека тоа може да го девалвира легитимитетот на добитниците „се плашиме дека тогаш ќе се смета дека тие добитници ги добиле наградите затоа што се жени, а не затоа што се најдобри“.