Дали ќе излезе дека „Хавана синдромот“ е од штурци?

Хавана синдромот кој се јавуваше кај американски разузнавачи и дипломати, и се шпекулираше дека е од тајни оружја, радиобранови, сонични напади, фокусирана енергија, всушност да ти бил предизвикан од штурци.

Извештај кој американското разузнавање го има уште од ноември 2018, а до кој Базфид стигнува дури неодамна, открива дека најмалку 8 од 21 случај на Хавана синдромот се предизвикани од инсектите.

Извештајот е дело на ЈАСОН групата научници што ја советуваат американската влада, кои добиле аудио и видео снимки од „нападите“. Тие направиле споредба на снимките со звуци до најразлични инсекти и утврдиле со „голема сигурност“ дека звукот доаѓа од штурец. Дури го знаат и кој „Anurogryllis celerinictus“.

„Ниту еден единствен извор на енергија (радио/микробранови ниту соничен) може да ги создаде аудио/видео сигналите и пријавените медицински проблеми.

Веруваме дека снимените звуци се со механичко или биолошко потекло, а не електронско. Најверојатниот извор е штурец,“ се наведува во извештајот на ЈАСОН.

Од тимот нагласуваат дека и понатаму постои опција звукот да бил предизвикан од непријателот за прикривање на вистинскиот извор и со тоа во погрешен правец да ја насочат истрагата.

 

8 октомври 2021 - 13:56