Џо Роган им направи сачекуша на CNN

Три и кусур саати гостин кај Роган беше доктор Санџеј Гупта, главниот медицинар на CNN. Нормални и паметни муабети но и до крај нагазување на проблематичните теми: на пример, упорното оцрнување од страна на CNN на ивермектинот како лек против паразити кај коњи. Гупта призна дека не требало да го етикетираат така.

Бидејќи Роган е убер-популарен и го следат милиони, ова отворено принание на Гупта стана сериозен скандал па докторот беше носен во неколку емисии на CNN, за да се менаџира настанатата штета и наративот на куќата да биде вратен на фабрички подесувања.

Инаку, точно е она што го зборува Роган за ивермектинот, дека и тоа како со децении го користат луѓе. Мајкл Капузо, кој има шест номинации за Пулицер и е бестселер автор на Њујорк Тајмс, во својот опасно добар приказ „Лекот кој го хакна ковидот“. наведува дека благодарејќи на ивермектинот, досега се спасени милиони животи, од Утар Прадеш во Индија, до Перу и Бразил во Латинска Америка.

Патем, вака минува CNN деновиве:

Што вика еден пријател, CNN денес e како фабрика за свеќи на крајот од 19ти век, и мисли дека може да ги сопре светилките.
 

 

 

17 октомври 2021 - 10:15