Фин комшилук околу британски нуклеарни подморници

Во близина на база на британски нуклеарни подморници во Шкотска, земјиште изнајмил човек за кој се открило дека е страсен подржувач на талибанците. Само што мештаните се насекирале, газдата го напудил кираџијата. А тој, газдата, Иранец, некогашен член на иранската морнарица. 

„Само сакав да бидам фармер и да уживам во убавиот поглед и во убавото време,“ рекол Вахид Тотакил правдајќи зошто решил да изнајми земјиште во близина на британски нуклеарни подморници.

Да се разбереме, Шкотска сè има, убаво време - нема. Тоа им станало сомнително на околните жители, особено кога пробуричкале по интернет за нивнииот нов комшија.

А таму можат да се најдат негови повици за убивање на американски војници во Авганистан, фотографии на кои е сликан со калаш, информации дека брат му е актуелен талибански воен командант во Кабул....

Дознавајќи за вознемиреноста на мештаните, газдата на земјиштето му пишал да ја напушти фармата. Се работи за човек кој моментално живее во Канада а е поранешен поручник во иранската морнарица.

Мештаните велат дека Тотакил го посетувале сомнителни лица кои  се распрашувале дали и колку во околина има лица за безбедност.

Тој ги негира ваквите тврдења но признава дека бил посетуван од луѓе од авганистанската партија Хезб- е Ислами, со кои разменувале мислења и информации за случувањата во нивната татковина. Инаку, тоа е партија која ја предводи Гулбудин Хелматајар, попознат како „Касапот од Кабул.“

Од Авганистан во Британија Тотакил има дојдено во 2001 година и едно време продавал пици на парче, меѓу кои и „Пица Осама бин Ладен“.

12 октомври 2021 - 08:18