Не баш мала група вработени во Нетфликс сакаат да демонстрираат ако компанијата и натаму стои зад последната специјалка на Дејв Шапел која оди на Нетфликс.
Во неа тој го изговори богохулното „полот е факт“ а попат ја бранеше и ЏК Роулинг која на снегулките им е една од главните вештерки, меѓу другото, и затоа што еднаш изјави дека жените добиваат менструација.
Жестоко осудувајќи го шоуто на Шапел, неколку организации побараа итно симнување на емисијата од видеотеката на Нетфликс а деновиве во Америка на широко се дебатира дали Шапел треба да биде канселиран и да го изеде мракот на коректноста како многу други пред него.
Извршниот директор засега не им попушта велејќи дека шоуто не разгорува ни омраза ни насилство.
„На Нетфликс секогаш ќе има содржини за кои некои луѓе ќе сметаат дека се штетни“, пишал во меил до вработените Тед Сарандос потсетувајќи ги дека луѓето можат да уживаат во во шокантни стендапи а тие да не ги тераат да бидат олош со другите.
„Виртуелното заминување од компанијата“ за кое се пријавиле илјада вработени е замислено како еднодневно недоаѓање на работа, ден во кој ќе ги охрабрувале луѓето да гледаат содржини кои ги поддржуваат транс-лицата.
Еве го „спорниот“ дел:
*******
Роган и Харт за тоа колку е голем и битен и драгоцен Шапел
Како мислиш, „Запалете ги книгите на Џ. К. Роулинг“?