Кажала биолошка вистина. Толку е споулавена политичката и транс коректноста, што сега може да ве гонат како вештерка затоа што сте рекле дека менструацијата е женски феномен.
Да се потсетиме: Како Џ. К. Роулинг стана вештерка во најлошата смисла на зборот
Роулинг е скептична околу некои тврдења на трансродовото лоби веќе некое време. Во очите на транс-полицијата, ова нејзе ја прави ТЕРФ, што значи „транс-ексклузионарна радикална феминистка“, но се користи како мизогинистичка навреда. Тоа е варијација на зборот вештерка. Значи лоша жена, хистерична жена, падната жена. Палете бакљите!
Најновото ТЕРФ-злодело на Роулинг беше да се посомнева во насловот на една статија: „Да креираме поеднаков пост-КОВИД свет за луѓето што менструираат“. Роулинг на Твитер напиша: „Луѓе што менструираат. Сигурна сум дека порано имавме збор за тие луѓе. Нека ми помогне некој. Wumben? Wimpund? Woomud?“ што е прилично смешно. Освен нели, за од хумор оперираните силеџии на коректната мисла на тема пол, се разбира. На нив, зборовите на Роулинг им се зли. Нејзините зборови ќе предизвикаат сериозна штета и омраза кон трансродови лица, велат. Токму ваква цензурирачка емотивна уцена и се очекува од нетолерантните: „Ако си го кажеш мислењето, луѓе ќе умираат.“
Причината што сексистички, дехуманизирачки фрази како „луѓе што менструираат“ се користат деновиве е избегнување да се каже „жени“. Зборот жени речиси и да стана табу во дискусии околу пол/род. А се држат до Хари Потер тематика, и често така прават овие сексистички ругачи на Роулинг, па кажуваат како зборот „жени“ многу брзо станува еквивалент на зборот „Волдеморт“ - табу е, и ако го прекршиш тоа, ќе се случат ужасни нешта.
Зборот жена дури повремено ќе се појави и со икс - ‘womxn’ - што покажува колку неприфатливо станува да ја изустиш оваа страшна именка. Во 2018, Wellcome Trust одржа настан за кој рече дека таргет се womxn. Истражувачката лабораторија за рак го тргна зборот жени од кампањата за тестирање и напиша „било кој што има цервикс“. Во некои кругови се слушаат и термини како „иматели на цервикс“.
Зошто зборот жена толку студиозно го бришат политички коректните, зборувајќи за жените како да се животни (иматели на цервикс, менструатори)? Затоа што ништо никогаш не смее да се направи за да се навреди оној микроскопски број на мажи кои се идентификуваат како жени, но секако немаат женски тела (транс-жени) или жени кои се идентификуваат како мажи, а се уште менструираат, но не веруваат дека се жени (транс-мажи). Еве колку станува луда транс-идеологијата: сѐ женско, самиот збор жена мора да се отфрли од пристојното општество во случај да се вознемират мажи кои мислат дека се жени и жени кои мислат дека се мажи. Фантазиите на тие индивидуи се поважни од реалноста на жените. Има да си го знаете местото, жени, пардон - иматели на цервикс.
Роулинг е апсолутно во право што вели дека ова е сексистичко, што вели дека подјармувањето на јазикот и искуството на жената за потребите и осетливостите на транс-лобито е анти-женско. Како што истакнува, ако не зборуваме за полот, ако престанеме да веруваме дека постојат мажи и жени и дека се физички различни, тогаш ја бришеме женскоста, а со тоа и женските права базирани на полот. „Ако полот не постои, женското искуство се брише од светот,“ им одговараше Роулинг на расплуканите напаѓачи. Во право е. Но, во орвеловскиот свет на родово самоидентификување, каде што луѓето се тоа што ќе кажат дека се и само ако некој еретик се осмели да се сомнева во нив - Роулинг не е ништо помалку од сатанска.
Многу е важно да се брани биолошката вистина, реалноста на полот и јазикот на машкото и женското што човештвото го користи уште од моментот кога е способно да комуницира. Ова се вистински, постоечки работи и имаат вистинско значење. Не можеме да ја закопаме вистината за одредена група на луѓе да не биде навредена. Оваа војна против реалноста, ова извртување на вистината и разбирањето мора да се пречека. Да сковам фраза - „и женските животи се важат“, и покрај тоа што освестените мизогинисти го тврдат спротивното.