Ловот на Роулинг, поточно жестокото онлајн-малтретирање во последниве два дена ни открива колку всушност без усул, и мизогинистичко станало движењето на трансродовите лица. Роулинг ја одбрани Маја Форстејтер, една работничка во добротворни цели што беше отпуштена затоа што сметала дека постојат два пола и дека полот не е ствар на мислење. Поточно, дека маж не може да стане жена и обратно. Отпуштањето и муабетот на работодавецот, дека „ваквите мислења не вредат за почит во демократско општество,” дава зелено светло за малтретирање, изолација и исклучување од работното место за секој што ќе постави прашање околу трансродовата идеологија.
Ова веќе ги алармираше оние кои се грижат за слободата на свеста и говорот и што сметаат дека жените не треба да бидат казнувани заради нивните мислења. Транс-скептичните феминисти од академските кругови и културната сфера твитаа поддршка под хаштагот #IStandWithMaya, и повикуваа на слобода на говор за жените кои сметаат дека постои биолошки пол.
Се вклучи и Роулинг.
Нападите што ги доживеа совршено го илустрираат проблемот - дека станува криминално да кажеш дека постојат два пола.
Dress however you please.
— J.K. Rowling (@jk_rowling) December 19, 2019
Call yourself whatever you like.
Sleep with any consenting adult who’ll have you.
Live your best life in peace and security.
But force women out of their jobs for stating that sex is real? #IStandWithMaya #ThisIsNotADrill
„Облекувајте се како сакате.
Викајте се како сакате.
Спијте со секој што ќе ви дозволи.
Живејте најдобро што можете во мир и безбедност.
Но да бркате жени од работа затоа што кажале дека постои пол?”
Твитот на Роулинг е совршено разумен и толерантен. Го брани правото на сите индивидуи да можат да водат каков сакаат живот. Но, додава и дека истовремено, жените не смеат да се малтретираат и замолчуваат затоа што се загрижени за законите тесно врзани со пол, кои на мажите им дозволуваат легално да станат жени со едноставна изјава. Жените мораат да смеат да кажат дека на мажи не им е дозволено во простори што се исклучиво за жени.
Твитер-голготата не завршува, плачат про-транс фанови на Хари Потер, некои твитаат дека Хогвортс им се чинел безбеден како деца, а сега се небезбедни заради трансфобијата на Роулинг, а малтретираат и луѓе што го лајкнале твитот на Роулинг, како Марк Хамил на пример, кој подоцна под притисок беше принуден да се извини.
Заклучокот?
Роулинг е во право. Имаш право да живееш како сакаш.
Немаш право да изиграваш силеџија по Твитер и да ги малтретираш луѓето додека не ти паднат на колена да ти се извинат што не се согласуваат со твоите, и онака не-баш-црно-бели ставови.