Како мислиш, „Запалете ги книгите на Џ. К. Роулинг“?

Досега требаше да им помине, ама изгледа не им поминува затоа што Роулинг упорно не се дава и не им попушта. А се навикнаа веќе само што ќе писнат, некој да изгуби кариера засекогаш. Овде не им оди. Па настапуваат некакви си „Џедвард“ на сцена. Што е тоа Џедвард? Тоа е дуо, некакви браќа музички, што ако ги пребарате на Гугл, ќе ви се крене косата скоро па колку што им е нив (своеволно, намерно, со цел памет) крената.

Еве ги Џедвард, кхм:

И изгледа Џедвард, со нивната ариевска коса и чудно-интензивни манеризми не само што личат на двајца членови на младината на Хитлер што се облекуваат според најнови трендови. Така и звучат, очигледно, ќе забележи Брендан О’Нил од Спајкд, што со месеци се нервира за сѐ што се претерува во новиот светски поредок.

Завчера, вечно спремни да се фатат на орото, макар и тоа било оро на мизогина омраза, близнаците од „Сјаењето“ на ирскиот поп на своите следачи на Твитер им предложија да го запалат новиот роман на Џ.К. Роулинг кога ќе излезе.

„Му треба ли на некој дрво за огрев годинава!“ пишува во твитот. „Новата книга на Џ.К. е совршена за потпалување романтичен оган. Ооо, како ќе биде пријатно и удобно, едвај чекам.“

Да се потсетиме со кого имаме работа:

Ок, даље:

Ајде на страна да ги оставиме индустриските нивоа на безобразлук што се потребни двајца дечки што не прават разлика меѓу извичник и прашалник да се закачаат со најуспешниот британски автор на сите времиња. Најударно кај твитот е тоа што сака да каже дека „палењето книги“ се враќа во мода. Нивниот недораснат, фашистички повик за палење на новата книга на Роулинг е ретвитнато и лајкнато неколку илјади пати, од армии таканаречени транс-сојузници што сега на Роулинг гледаат како на вистински Волдеморт: ужасна, зла фигура чии дела треба да се фрлаат на разгорена клада, додека освестената толпа завива од воодушевување.

Омразата кон Џ.К. Роулинг е вон контрола. Ги надминува секојдневните обиди за поништување и напади на твитер-толпа на секој што се осмелува да застрани од „точниот“ начин на размислување на политички-коректните елити. Омразата кон нејзе е далеку посирова, поинтензивна, далеку поирационална.

Нејзиниот интелектуален грев, злосторството на говор - е што таа верува во биолошки пол. Мисли дека има разлики меѓу мажите и жените. Мисли дека биолошките мажи треба да одјебат од женски соблекувални, спортски турнири, затвори и центри за кризи со силување и така натаму. Многумина се согласуваат со неа. И заради ова постојано ја бомбардираат со закани за силување и смрт. „Пуши ми го курот!“ ѝ твитаат сексистички свињи. Ја канат да умре во оган. Ѝ праќаат експлицитна порнографија. Оваа недела трендинг на Твитер беше #RIPJKRowling. Луѓево се ненормални. Кога „активизмот“ ти вклучува неуморно навредување и сексуално малтретирање на жена чија мисла е различна од твојата, треба сериозно да разговараш со себе.

Пореметената омраза кон Роулинг се интензивираше оваа недела, откако се објави дека нејзиниот нов роман - детективскиот серијал што го пишува под името Роберт Голбрејт - ќе има бекстори за човек што се облекува како жена и потоа убива жени. „ТРАНСФОБИЈА!“ предвидливо ќе извикаат освестените Твитерати. И не по прв пат, сексистичкиот бес кон Роулинг заради храброста да биде жена што размислува со своја глава беше разгорен од страна на Пинк Њуз, онлајн геј магазин кој најмногу од сите успева жените што се скептични кон одредени аспекти на трансродизмот да ги прикаже како вештерки, кучки, жентурачи што треба да прават како што уредниците на Пинк Њуз им кажуваат.

Малоумното филистинство на анти-Роулинг толпата се потврдува и од фактот што ниеден од нив не го прочитал нејзиниот нов роман. Не е ни објавен. Но, кога тоа цензорски настроени толпи подзастанале поубаво да видат или да размислат за книга, слика или филм што сакаат да го бојкотираат или палат? Толпите не се познати по разумно ангажирање. Ниту пак имаат почит за правото на писателите и уметниците да прикажат што сакаат. Така, како што национал-социјалистите сакаа да ја избришат „уметноста на дегенериците“, а Мери Вајтхаус сакаше да забрани „некултурни претстави“, така и анти-Роулинг толпата фантазира за палење на роман што не го прочитала затоа што е напишан од жена што ирационално ја мразат.

Зошто омразата кон Роулинг е толку силна, толку нестабилна? Ми личи дека има две причини. Прво, тука е непоништувачката природа на Роулинг што ги вади од кондури овие толпи навикнати на изнудување меа кулпи од секоја јавна личност што ќе ја намерачат. Роулинг е премногу голема, премногу етаблирана, премногу глобална за лесно да ја поништи полицијата на говор. Нејзиното одбивање да ги напушти сопствените верувања и мислења за полот и родот ги избезумува овие самопрогласени чувари на моралот, затоа што ги потсетува на ограничувањата на нивната цензурирачка моќ. Одлучноста на Роулинг е пример и за сите други, и ги потсетува луѓето дека дури и во ова мрачно време на цензура - можеш да се држиш до своите принципи. А тоа политички коректната толпа што не прифаќа ништо помалку од широко прифаќање на нивните политички и морални догми не го толерира.

Второ, одбивањето на Роулинг да ја прифати идејата дека луѓето можат да се идентификуваат себеси како кој било пол претставува предизвик на целата нивна црква на идентитаријанизам. Тоа е предзвик без предумисла, бидејќи сум сигурен дека Роулинг не е комплетно против политиката на идентитетот - но секако е предизвик. Скептицизмот кон трансродизмот потегнува прашање не само за правото мажите легално да ги признаваат за жени и да можат да влегуваат во женски простори, туку и за културите на нарцизам, терапевтска валидација и конформизам кои се составен дел од идентитаријанскиот поглед. Фрла сомнеж на верувањето од 21-от век, дека идентитетот на еден човек е света работа и дека општеството и сите во него се должни да го одобрат и да му се поклонат на тој идентитет.

Роулинг го доведува во прашање хипер-индивидуализмот и екстремната самобендисаност на идентитетските политики и помага одново да се дискутира за прашања како колективен разум и објективна реалност - во овој случај фактот што општеството и биологијата имаат разбирање за полот и родот што не можеш само да го отпишеш само како трансфорбија. Затоа ја мразат, затоа мразат „ТЕРФ-ови“. Нејзиното инсистирање дека треба да размислуваме за женските права, биолошката реалност и објективниот разум кога дискутира трансродови политики претставува удар за ирационализмот на идентитетските политики на пошироко ниво. „Запалете ѝ ги книгите!“ врескаат, затоа што знаат дека оваа вештерка се заканува дека ќе им ја поништи религијата.

Уште еднаш, браќата што повикаа на палење на книгите на Роулинг:

Ете така, пријатно.

17 септември 2020 - 13:55