Џ. К. Роулинг:

Не можам да се преправам дека ми е гајле што мислите за мене

Вака им рече Џ. К. Роулинг на хејтерите, и не е лошо да се запамети како фраза. Станува потребна сѐ почесто.

Веќе со недели, писателката на Хари Потер се брани откако објави, како што мнозинството се согласи, трансфобични твитови. Во неделата повторно се обрати на Твитер, со нова нишка што предизвика контроверзи, на тема хормони и транс-луѓе, расправајќи дека хормонската терапија и операциите се користат премногу често.

Реагираше на обвинување од некој корисник, Тринер Скот кој ја обвини дека ги сметала „луѓето кои земаат лекови за ментално здравје за мрзливи“. Роулинг набрзо одговори,

„Кога лажеш за моите верувања околу терапија за ментално здравје и кога погрешно го претставуваш ставот на една транс-жена за која чувствувам само восхит и солидарност, си пречекорил граница.“

Еве го обвинувачкиот твит:

Еве ја Роулинг:

„Сум игнорирала лажни твитови кои ми ги припишувале и ги ретвитале на широко. Сум игнорирала порно што им се твита на деца во нишка за нивна уметност. Сум игнорирала закани за силување и по живот. Ова нема да го игнорирам.“

А патем, се работи за следното: Роулинг лајкнала твит на гореспоменатата транс-жена во кој пишувало дека „хормоните се новите антидепресиви,“ во контекст на тоа дека без разлика што хормоните знаат да бидат и потребни и да спасат живот, не треба да се првото решение. Се работи за чиста мрза, наместо да се обидеш да им помогнеш на луѓето со долгорочно посветување внимание, одиш на најлесното - им даваш апче.

Нормално дека еден тон луѓе го уловија тој лајк, вклучувајќи го и овој Скот што „чувството“ го нарече „не само навредливо, туку и активно штетно за милиони.“

Роулинг продолжува:

„Сум пишувала и сум зборувала и за моите предизвици со ментално здравје, кои вклучуваат и ОЦД, депресија и анксиозност. Тоа го направив и во последниот есеј, наречен ТЕРФ војни. Сум земала антидепресиви во минатото и ми помогнале.

Многу професионалци во здравството се загрижени што младите се мачат со нивното ментално здравје, а ги шуткаат кон хормони и операции што може да не им се во најдобар интерес.

Многумина, меѓу кои и јас, веруваат дека гледаат во нов тип на терапии за конверзија за млади геј луѓе кои ги ставаат на пат на долгорочна употреба на лекови што можат да предизвикаат стерилност и/или губење на сексуалната функција.“

Овде Скот се буни дека тоа што транзицијата ја врзува со „нов тип на конверзија“ е уште пострашно.

Роулинг тера:

„Карл Хенеган, професор по емпириска медицина на Оксфорд ја опишува употребата на блокатори на пубертет од сомнителни производители на лице под 18 години за нерегулиран жив експеримент со деца. Ништо од ова можеби не ве вознемирува и не ви ја разнишува сопствената убеденост дека сте во право.

Но, ако е така, не можам да се преправам и дека ми е гајле за вашето лошо мислење за мене.“

Инаку, за контроверзните твитови на Роулинг се побунија и најголемите здруженија на фанови на Хари Потер, Ворнер Брос, а според Спајкд и „Тројцата разгалени милионери против жената што ги создаде“. 

7 јули 2020 - 01:35