Роулинг, чии коментари и претходно ги сметале за трансфобични, имаше проблем со еден наслов што ги содржеше зборовите „луѓе што добиваат менструација“, а подоцна расправаше и дека дискусијата за родов идентитет го прави биолошкиот пол невалиден.
Напиша и есеј од 3700 зборови на нејзиниот сајт, каде што објасни дека преживеала сексуален напад и токму тоа ја убедило дека постои потреба од простори што се исклучиво за жени.
Есејот не го поддржаа Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт, чија слава се должи на нивните улоги во филмовите Хари Потер. Редклиф на пример рече,
„Трансродовите жени се жени. Секоја изјава што се противи на тоа го брише идентитетот и достоинството на трансродовите лица и е против сите совети што ги даваат професионалните здравствени асоцијации кои многу повеќе го разбираат проблемот отколку Џо или јас.“
Во Спектатор, пак, доаѓа Лоренс Фокс:
„Прво дојдоа по спомениците, па го откажаа Базил Фолти, па сега тројца разгалени милионери се вртат против жената што ги создаде. Така се случи со родот на Џ. К. Роулинг.“
Користејќи референца од седмата книга („Хари Потер и даровите на смртта“), Редклиф го нарече „плиток до смрт“ а за Руперт Гринт кажа дека попуштил под притисокот брутовски да ја прободе Роулинг во грб.
„Нели би требало овие редовни имиња на богаташки листи да смеат да кажат што мислат, заштитени од цензура?“ пишува Фокс. „Очигледно не. Уплашени за нивната доблест, или иднина, или двете, овие три деца ја нападнаа мајка им. Мораме да се надеваме дека Невил Лонгботом ќе биде попаметен.“
Во истата статија, Фокс пишува и за движењето Блек Лајвс Матер, расправајќи дека се работи за „оправдан глобален шок од сурово и злобно убиство, што се претвори во поинаква агенда.“
Во јануари се соочи со напади од јавноста заради изјавата дека „има нешто институционално расистичко во форсирање диверзитет.“
Во коментарите под Фејсбук-постот на Индепендент од каде што известуваат за ова, за кои е право чудо колку се културни со оглед на тоа што се илјадници, мислењата се поделени.
Еден вика,
„Се свртеле против креаторката? Не би рекол. Само затоа што играле во филмови базирани на нејзината книга, не значи дека таа ги создала. Ги создала ликовите. Ништо не ѝ должат, си одработиле. Успешна трансакција.“
Што е до некаде точно, но, еве друг, кој си пука во колено со аргумент - директен цитат од книгите на Џ. К. Роулинг:
„Глупости. Тоа што некој создал работно место и ти си го добил, не значи дека му должиш апсолутна лојалност. Најубаво пишуваше во Хари Потер, ‘Огромна храброст е потребна да им се спротиставиш на непријателите, но уште поголема храброст ти треба да им се спротиставиш на пријателите.’“
И на крај, поентата се сумира кај читател што вели,
„Не мислам дека Џ. К. Роулинг ќе има проблем со тоа што овие тројца си кажале мислење. Ме загрижува што на луѓето им пречи што таа изразила непопуларен, но обмислен и разумен поглед на работите.“