Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Дејв Шапел реплицираше

Околу стендапот и обвинувањата за каква не фобичност, Шапел одговори „кажав што кажав“. Плус го интересира, како тоа „вие барате безбедна работна средина во Нетфликс, кога јас сум единствениот што не смее да припари таму?“

Ниту си целосно вакциниран, ниту некогаш ќе бидеш

Како што претерувањето околу ризикот од вакцините наштетува на кредибилитетот на кампањата за вакцинирање, исто така е штетна и претераната самоувереност околу нивната ефикасност.

Неонацисти излегоа да ја бранат германската граница со Полска

Припадниците на крајно десничарската група Третиот пат (Der III. Weg) се распоредија на границата со Полска за да пресретнат кој било нелегален мигрант што ќе се обиде да влезе во Германија.

Колку инает има во неносење маски?

Кинез милионер влегува во банка и веднаш е укорен за тоа што не носел маска. Првата реакција на ова му е трајно да ја напушти матичната банка.

Со ваксерството се претера

Мислите само меѓу анти-ваксерите има такви кои се склони да претеруваат и да преувеличуваат цифри и состојби? Сиенен вика, држи ми го пивото.

Зетот на Трамп чека инвестиција од 2 милијарди долари од Саудиска Арабија

Поранешниот советник на Белата куќа, еден од главните преговарачи за мир на Блискиот исток и првиот зет во куќата на Трампови, Џаред Кушнер, е на пат да обезбеди масовно финансирање од Саудиска Арабија.

Америко гости ти доаѓаат

Стотици мигранти го пробија полицискиот кордон во Тапачула на југот од Мексико, на самата граница со Гватемала, и пешки го продолжија својот пат кон границата на САД, до која имаат уште најмалку 1800 километри.

Се тресеше Нетфликс, се роди Чворовиќ

Прво беа најмалку илјада што од Нетфликс ќе протестираа против шоуто на Дејв Шапел, барајќи да биде симнато од видеотеката на платформата заради навреда на транс-сексуалците. Потоа таа илјадарка спадна на стотина, па на дузина, за на крај целиот настан да се сведе на „има нас Чворовиќа“ како што на својот брат Илија му викаше Ѓуро Чворовиќ во Балкански Шпион.

Ќе преживее ли Северна Ирска уште толку?

Tекст за Северна Ирска, интересен во контекст на тоа како некои конфликти од пред 100 години се замрзнати и тешко ќе се решат и за следните 100 години. Слична е и ситуацијата со Македонија, чија модерна голгота започна со Балканските војни, во периодот кога настана и проблемот на Северна Исрка.

Русија и Белорусија ќе се зближуваат заради притисок од Западот

Заради растечки воен, политички и економски притисок од Западот, Русија и Белорусија почнаа се повеќе воено, политички и економски да се зближуваат.

Г20 се откажа само од откажување од јагленот

Групата 20 најбогати држави на светот на минимум ги снижи своите амбиции за откажување од јагленот и наместо тоа си дадоа рака за еден далеку понеамбициозен план кој само ќе им забрани на владите да финансираат странски електрани што работат на јаглен.

Алек Болдвин уби жена на снимање филм

42-годишна жена починала откако била застрелана од Алек Болдвин со оружје реквизит на снимањето на неговиот нов филм на ранч во Ново Мексико.

До кога на изборите за мис ќе им биде важна убавината?

Три неуспешни кандидатки за мис на Франција го тужат организаторот дека учесничките и победничката ги бирал врз основа на нивниот изглед.

Дали на секоја цигара ќе биде испишано „пушењето убива“?

Секоја поединечна цигара во иднина би можела да биде испишана со предупредувањето во надеж дека тоа ќе разубеди уште повеќе луѓе да престанат да пушат или да не почнуваат.

Москва нареди 4-месечен карантин за невакцинираните

Откако неделава се забави стапката на вакцинирање во градот, а бројот на заразени од ковид-19 скокна, во руската престолнина воведен е масовен карантин за сите над 60 години што не примиле вакцина и за „лица што страдаат од хронични болести“. Карантинот ќе трае до крајот на февруари.

Антифа повика на убивање германски десничарски политичари

Крајно левичарската антифа објави „потерницата“ за убивање на 53 членови на Алтернативата за Германија, објавувајќи ги нивните лични податоци меѓу кои и домашните адреси.

Германците не сакаат да слушаат џамии

Најголем дел од Германците се против тоа да им се дозволи на џамиите во земјата да го рокаат на звучници повикот на молитва. Процената е дека во Германија живеат околу 5,6 милиони муслимани.

10% од Американците ги поседуваат речиси сите достапни акции во САД

Се работи за 89% од акциите кои се во посед на најбогатите 10% од населението. Останатите 11% од акциите се распоредени кај овие другите небитни 90% од населението.

Американците видоа празни рафтови

Како збир на повеќе фактори американските купувачи станаа сведоци на егзотични глетки карактеристични за држави од „третиот свет“ во кои цели рафтови, фрижидери и секции од супермаркетите се испразнети како за селење.

Да, дип стејт постои и не е тоа заговор

Нема да ви зборуваме дека имаат тајни тунели или пијат детска крв или што и да смислиле оние што куцкаат по своите тастатури со алуминиумска фолија на глава. Работата е посериозна и пореална од тоа, а најжално е како она што денес се смета за прогресивно, одеднаш се вљуби во ЦИА и слични. Патем, еден детаљ и за Тиранската плаформа...

Дејв Шапел за родов реализам

Холивудската ѕвезда покажува колку шупливи - и маргинални - се аргументите на разбудената левица.

Битлските кои досега не ги знаевме

Феноменална „саудаде“ приказна за една ливерпулска четворка, а не е онаа. Неколку девојки од градот, инспирирани од своите музички идоли, во раните 60-ти години решаваат да го направат првиот комплетно женски бенд по тој урнек. Првото проблемче им е - што не знаат да свират.

Полицијата го расчисти последниот крајно-левичарски камп во Берлин

Во селењето на околу 50 лица кои живееа во автомобили и метални контејнери во еден парк во Берлин, беа ангажирани над 2.000 полицајци.

Време е Елизабета да припази малку на пиење

На 95 години, кралицата Елизабета од својот доктор беше советувана да почне внимава на здравјето и за почеток да откаже алкохол.