Два муабета што ги отфрли Шапел беа прво, дека бил поканет да зборува за трансродовите вработени во Нетфликс, а одбил, што не е вистина, иако признава дека не му е јасно за што би зборувале.
Второ, нагласува е дека ова не е судир меѓу него и ЛГБТ заедницата, од која тој цело ова време добива поддршка, туку се работи за „корпоративни интереси и што јас можам да кажам и што не можам да кажам“.
Иако за сега и стендапот и неговиот статус во Нетфликс остануваат недопрени од јадосувањата што се случуваат околу „The Closer“, Шапел се пожали дека заради целата ситуација неговиот нов документарец „Untitled“ за смртта на Џорџ Флојд, бил одбиен од голем број дистрибуциски куќи и филмски фестивали кои првично го имале прифатено.