Проблемите на супермаркетите, стандардно храмови на изобилие и претераност, и останатите продавници (од градежни материјали до скии и компјутери) делумно се од тоа што десетици товарни бродови со контејнери преполни производи од Кина и Азија не можат да дојдат на ред да се закотват и да се истоварат на пристаништето во Лос Анџелес
Друг проблем е што доцни и внатрешниот превоз на храна одгледана и создадена во САД, бидејќи камионскиот и железничкиот превоз не може да постигне.
Самиот Бајден го призна ова и интервенираше со воведување 24-часовен работен ден на пристаништето во Лос Анџелес, најфреквентното пристаниште во Северна Америка за контејнерска стока. Со ова пристаништето ќе работи дополнителни 60 часови неделно.
Ова е направено чисто да се намали дефицитот на најразлични производи и да се спречи растот на цените. И покрај овие мерки процената е дека голем број од десетиците бродови ќе чекаат уште најмалку 10 дена пред да можат да ја истоварат робата.
Процената на Светската банка е дека 8,5% од сите бродски контејнери на светот, моментално се заглавени по пристаништата на планетава.
Гневот на републиканците и на јавноста е дека Бајден и администрацијата со месеци дремеле и ништо не преземале, а пред некој ден Политико објави дека додека се случува ова министерот за сообраќај на Бајден, Пит Бутиџеџ земал трудничко боледување во август и септември за бебето што го посвоил со својот сопруг. Бутиџеџ моментално е вратен на работа, ама со скратено работно време, затоа што уште му помага дома на сопругот во обврските околу бебето.
Празните рафтови и продавници се должат и на глобалната криза на сировини и готови производи, кои се само опашка од минатогодишните затворања на комплетната светска индустрија и производни погони, во првиот наплив на коронавирусот.
Заради ова, сега кога Америка се обидува да ја наполни залихата што ја има испразнето за време на пандемијата таа почнува обилно да нарачува, а кога бродовите ќе стигнат на пристаништето во Лос Анџелес таму сè заглавува.
„Имаме зголемен број на производи што пристигнуваат во САД, ама немаме зголемен број на камионџии или простор во магацините. Па затоа бродовите се заглавени пред пристаниште,“ изјавил професорот по менаџмент на операции од Џонс Хопкинс Универзитетот, Тинглонг Даи.