Иако ретко пие во јавност, за британската кралица е познато дека по дома сака да се напие по некое мартини.
„На кралицата и е кажано дека треба да се откаже од својот вечерен пијалак кој обично е мартини. Не дека ова е голем проблем за нејзе. Не дека е некој голем пијач ама изгледа како да е малку нефер што во оваа фаза од животот таа мора да се откаже од едно од малкуте задоволства,“ изјавил семеен пријател за Ванити феир.
Истата информација ја има потврдено и друг извор, кој за Ванити феир изјавува дека е завршено со алкохолот бидејќи нејзините доктори се трудат таа да биде што е можно поздрава.
Претстојните месеци кралицата на распоред има неколку кралски ангажмани заради кои докторите се трудат да ја држат во што е можно подобра физичка подготвеност.
Од претходно се знае дека „пијачки“ на Елизабета беа џин, Дубоне и германско благо вино. Сите овие со тек време беа заменети со повремено суво мартини.