Како ѕвезда комичар милионер со цела вреќа награди може да ја одржи својата субверзивност? Големиот Ричард Прајор проблемот го решаваше во 1970-те и 1980-те со тоа што уште поекстравагантно (и смешно) излетуваше од шини. „Реков, боже фала ти што не ми го запали курот“, кажа Прајор целиот сериозен на Сансет булевар, откако се запали самиот себе додека подготвуваше кокаин. За Еди Марфи, следбеник на Прајор кој се насочи кон Шрек, решението остана уште понедофатливо.
Дејв Шапел има повеќе среќа отколку неговите двајца херои. Откако стави во џеб 50 милиони долари за шест стендапи на Нетфликс, 48-годишниот комичар е уште поголем отколку што тие беа во својот врв. И Шапел, кој живее со својата сопруга и децата на фарма во внатрешноста на Охајо, не покажува никаков апетит за Прајор тип на разврат или за синхронизирање на цртани магариња. Нема проблем. Границата за субверзивност е толку ниско спуштена од цензорската левица што неговиот непристоен, опсервациски стил на комедија никогаш не изгледал потематски и поостар. Оттаму и скандалозноста предизвикана од неговите шеги за транс-родовата политика за време на последниот настап, насловен „The Closer“ кој беше објавен минатата недела.
Дури и многумина од неговите критичари признаваат дека воведот во долгото трансџендер излагање на Шапел е прилично смешен. Заради минатите кошкања со заедницата, Шапел тврди, во божемски страв, дека добронамерник го предупредил „тие се тргнати против тебе“. „Еден ’тие’“ или „многу ’тие’?“ вратил Шапел. Меѓутоа што и да мислат критичарите за неговата умешност, тие го прогласија неговиот стендап како „трансфобичен“ и кој мора да биде осуден. Како доказ, многумина ја цитираа неговата одбрана на инсистирањето на Џ.К. Роулинг за биолошката реалност дека транс-идентитетот и полот се различна работа. (Не е ни чудо, објаснува со сериозен тон, што жените се нервозни од тоа што Кејтлин Џенер освои „жена на годината во нејзината прва година како жена, а никогаш немала ни менструација...)“ „Фобичните шеги продолжија да се редат,“ воздивнуваше Гардијан. „Му требаат нови идеи,“ издишуваше Волчр.
Шапел секако е дрзок и шокантен. Тој испорача брза анти-семитска шега во настапот, и се смешкаше дур публиката воздивнуваше, и потоа полека ја повтори, три пати. Прекршувањето на навиките на јавноста, за да испорача насмевки, или општествени инсајдерски информации, или само за да ги натера луѓето да подзамижат и да се чудат зошто, е доминантна традиција во стендапот уште кога Прајор се спротивстави на институционалниот расизам. Ова ја одразува единственоста на американскиот сет на услови: високи нивоа на општествена тензија, доминантно место во поп културата за најпрогонуваната група на луѓе и силно заштитена слобода на говор. Шапел, кој како и Прајор и Марфи е Афроамериканец и мајстор на многу форми на комедија, го нарекува стендапот негова омилена форма и „американски феномен“.
Заради поврзаноста со социјалната правда, најголем број стендап комичари, посебно црнци, се на лево. Меѓутоа феноменот мора да биде остар. Па белците не беа исклучени од расната критика на Прајор и Шапел, вклучувајќи ги и сочувствителните левичари во нивната публика кои бледо се смееа. И таа драматична тензија, меѓу комичарот и неговите фанови, се зголеми изминативе години како што активистите од левицата се повеќе се нафаќаат на контрола на говорот. Декларацијата на Крис Рок, уште еден врвен црн комичар, од 2014 дека повеќе нема да настапува пред колеџ публика бидејќи таа е станата „премногу конзервативна... во нивната желба да не навредат никого“ беше сигнален културолошки момент. За Шапел кој во тоа време беше во процес на ре-лансирање на својата кариера, тоа исто така беше инспиративно.
Факт е дека тој не личи на трансфобичен. Ако неговата комедија има некоја морална тема тоа е дека сите имаат мани и дека секој треба да биде прифатен. Неговата сила лежи во покажување колку брзо се губи оваа вистина кога ќе завладее групна политика. Шапел мина голем дел од својата кариера во борба против расната неправда. Посочувајќи ја еднакво манифестираната реалност дека жените губат кога полот е редефиниран како состојба на умот исто така е во согласност со ова.
Дури и кога правдата е задоволена - како што е во случајот со правата на гејовите - неговиот субверзивен мозок прашува зошто таквиот напредок не е општ. „Зошто е полесно за Брус Џенер да го смени својот пол отколку што е за Касиус Клеј го смени своето име?“ прашува Шапел. „Емпатијата не е геј. Емпатијата не е црна. Емпатијата не е бисексуална. Таа мора да е двонасочна.“
И ова не е баш ригорозно. Промената на името на Мухамед Али и претходи на г-ца Џенер некои 50 години; а има и многу не-белци кои го лупаат тапанот на трансродовите права. Меѓутоа Шапел е комичар, не е есеист, и неговото фокусирање на анти-црнечката дискриминација е драматична алатка како и политички избор. Таа го одржува, иако малку веројатно, неговото инсистирање на статус на аутсајдер. И тоа може да биде извор на емпатија, како и кредибилитет, како што тој покажува опишувајќи го својот однос со по нов комичар, транс-жена по име Дафни Дорман.
„Ни ми треба да ме разбереш, ми треба да ми веруваш... имам човечко искуство,“ таа еднаш му објаснила. Тој се вчудовидел, а потоа полека одговорил. „Ти верувам... бидејќи е потребно да бидеш човек за да познаеш човек.“ Групната политика, нулта-сум и исклучувањето, се дехуманизирачки; неговата сквернавечка, морална комедија е корективот.
А левичарските фарисеи кои не се согласуваат со тоа треба подобро да ја погледнат г-ца Дорман. Кога Шапел по неговото претходно Нетфликс шоу беше напаѓан како трансфоб, таа на Твитер напиша дека тој не е таков и дека е нејзин пријател. Таа за возврат беше прогонувана; и потоа се самоуби скокајќи од зграда. Дали таа приказна - толку рехабилитирачка за Шапел и толку проколнувачка за обвинителите - може да биде вистинита? Нејзиното ужалено семејство неделава го потврди ова. И кој е сега жртва?
Шапел не е ни најмалку. Освен што ги запали светостите на идентитетската левица, тој исто покажа и колку е таа маргинална. Неговите родово-реалистични гледишта се далеку повеќе во чекор со јавното мислење, отколку оние на неговите критичари. И ако непопуларноста на нивните гледишта ретко е одбивна за твитерџиите, со среќа нека им е во замерувањето со афроамериканската суперѕвезда. Неделава Шапел, опкружен од гужва од првокласни ѕвезди, доби стоечка овација на Холивуд боул. „Ако вака изгледа да бидеш откажан, тогаш тоа ми се допаѓа,“ на смеа изјави Шапел.