Притисокот што го чувствуваат двете држави изроди обединета одбранбена доктрина на Русија и Белорусија, која ќе опфати дополнителна соработка во обуката на војската и командниот кадар.
Планот е ова партнерство за почеток да трае 5 години.
„Како што има воени закани, така продолжуваме да се соочуваме со политички и економски притисок врз нашите држави од таканаречениот колективен Запад. Под овие услови ние сме присилени да преземаме контра-мерки,“ изјавил рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Тој му забележал на НАТО и за тоа што ја засилува својата воена инфраструктура во близина на границите со Русија и Белорусија, конкретно во Полска и Балтикот.
Уште од средината на 1990-те, Русија и Белорусија се дел од конфедерацијата Сојузна држава на Русија и Белорусија. Сојузот предвидуваше формирање на федерација која меѓу другото ќе има заеднички парламент, претседател, знаме, химна, Устав, војска, државјанство. Ништо од ова не се оствари.