До кога на изборите за мис ќе им биде важна убавината?

Три неуспешни кандидатки за мис на Франција го тужат организаторот дека учесничките и победничката ги бирал врз основа на нивниот изглед.

Во тужбата се наведува дека компаниите што го организираат Изборот за мис, го прекршуваат францускиот закон за работни односи затоа што имаат дискриминаторски критериуми, кои ги обврзуваат потенцијалните мисици да бидат повисоки од 170 сантиметри, да бидат сингл (не смее ни претходно да биле мажени или да имаат деца) и да „претставуваат убавина“.

Натпреварувачките имаат обврска да не се здебелат и да не ја сменат фризурата, а не им е дозволено ни да имаат тетоважи или пирсови (освен обетки на ушите).

Тужбата е поднесена до трудовиот суд на Франција, бидејќи трите поранешни учеснички немале како да ја истакнат својата поента со други методи. Францускиот закон за работни односи им забранува на компаниите да дискриминираат по основа на „морал, години, семеен статус или физички изглед“.

Процената е дека одлуката во случајот ќе зависи од тоа дали судиите ќе ги сметаат учесничките во Изборот за мис на Франција за „де-факто вработени на организаторот“.

21 октомври 2021 - 14:24