Се работи за станбен комплекс до кој минува некогашниот Берлински ѕид и важи како последно упориште на левичарските анархисти во градот. Во акцијата беше расчистен само паркот и паркингот пред зградата на улицата Копеникер, каде беше направен кампот со популација од околу 50 лица. Зградата пред која се наоѓа паркот, во која живеат околу 30 лица, за сега нема судско решение за селење.
Селењето следува по неколку години неуспешни обиди за празнење. Последната наредба е донесена од берлинскиот апелациски суд, која ја одби жалбата на жителите.
Акцијата на полицијата почнува околу 9 часот наутро и трае нешто повеќе од четири часа. За ова време полицијата донесе и подвижно скеле, со кое ја расчистуваа оградата крената околу кампот.
Освен скелиња, полицијата имаше и тешка механизација, за расчистување на паркот, и оклопни возила, за расчистување на демонстрантите и оградата. Дел од оградата беше врзана за оклопните возила во обид да се откорне од местото. Очекувањето на жителите на кампот беше дека полицијата ќе се обиде да влезе преку засилената порта, наместо тоа, тие упаѓаат преку ограда.
Во моментот кога полицијата се обидува да влезе во кампот таа беше нападната со петарди и стаклени шишиња.
Целата акција почнува во четвртокот кога полицијата оградува „црвена зона“ и забранува паркирање околу објектот. Во петок наутро, пристапот до локацијата е ограничен, и можат да влезат само луѓе што живеат таму и новинари.
Се работи за парче недвижност, од околу 2.600 метри квадратни, кое се наоѓа во една од најскапите зони на Берлин, на само 3 километри од Бранденбуршката порта. Сопственикот на објектот и земјиштето, кој не може да влезе внатре, добил градежна дозвола за изградба на зграда на парцелата.