Актуелната дебата меѓу имунолозите и инфектолозите е околу „засилувач“ вакцините. Стана јасно дека некои луѓе ќе имаат ќар од дополнителна доза, додека други нема да имаат. Тоа што сега е предизвик, е каде да е повлече таа линија. Примерокот на едната страна на спектрумот е 21-годишен Олимпиец на кој не му треба уште една доза, а на другата е 90-годишен старец со белодробни проблеми кој пее во хор на кој очигледно му треба уште една доза.
„Проблемот е што најголем дел од населението е во сивата зона меѓу овие два примера.
Целата дискусија се сведува на тоа да се дефинира што значи ’целосно вакциниран’. Кој е ’целосно вакциниран’ против ковид-19 и колку време?“ пишува Џејмс Хамблин во текстот за Вашингтон пост.
Хамблин објаснува дека до 2021 терминот „целосно вакциниран“ не е стандардна фраза, исто како што не е ниту „целосно во брак“ или „целосно дипломиран“.
„Техничката дистинкција може да се користи за клинички да се опишат сивите зони - пример мало дете или кутре, кои се меѓу дози од вакцина за сипаници или беснило, може да се сметаат за ’делумно вакцинирани’ чисто заради логистиката на комуникација меѓу докторите. Меѓутоа такво обележје нема да значи дека детето или кутрето со заштитени,“ објаснува Хамблин.
Терминот е корисен на почетокот од годинава кога вакцините прв пат стануваат достапни во многу ограничени количини, па тој врши работа да се разликува меѓу луѓе кои примиле една или две дози од вакцината. Меѓутоа во време кога здравствените власти разговараат за потребата од „засилувачи“, за сега само еден, станува излишно да се зборува за „целосно вакцинирани“ луѓе.
Кога се користат вака решителни термини како „целосно вакциниран“ тие стануваат контрадикторни после првиот целосно вакциниран што ќе почине од ковид-19, па оправдано е што кај јавноста се појавува сомнеж во вакцинирањето, од типот „Ако вакцините функционираат, како тогаш вакциниран човек може да умре?“
„Одговорот е дека тие може да умрат на ист начин на кој човек што ’целосно има ставено појас во кола’ може да умре. Степенот до кој кој било од нас е заштитен со вакцините зависи од повеќе работи отколку бројот на вакцини што си ги примил и колку ефикасно ќе реагира нашиот имунитетен систем. Исто така зависи и од луѓето околу нас.
Во Израел по ново властите бараат секој да има примено по три дози за да биде целосно вакциниран, а како што се шири вирусот тие обезбедија и четврта доза за секој граѓанин. Невакцинираните луѓе се хоспитализирани три пати повеќе отколку нивните вакцинирани соседи.
Меѓутоа секогаш кога луѓето остануваат невакцинирани, ние ќе гледаме како за високо-ризичните групи се разговара за пета и шеста доза. Ова е исто како да носиш пет или шест спасувачки елеци, додека другите немаат ниту еден: не само што е неправедно туку и далеку помалку ефикасно отколку ако сите имаат по еден спасувачки елек. А бродоломците и понатаму можат да умрат од премрзнување или дехидрација или срцев напад без разлика колку спасувачки елеци имаат на себе,“ пишува Хамблин.
Корисноста на „целосно вакцинирани“ може да се види ако се користи на ниво на популација, а не како поединец. Веројатно нема број на вакцини кои ќе гарантираат дека 84-годишен со леукемија ќе биде апсолутно заштитен од ковид-19 или што било друго.
„Кога луѓе се стари и болни, дури и умерена болест може да предизвика респираторен или кардиолошки крах. Целта на вакцинацијата е вирусот да се исчисти од популацијата. Ова значи сите да ја добијат својата прва и втора доза за секој да биде функционално заштитен.
Да се биде ’целосно вакциниран’ може да биде цел на училиште, бизнис, град или држава. И, идеално, на светот.
Колку повеќе ова го занемаруваме, и наместо тоа се фокусираме на засилувачи и некоја нестварна замисла за ’целосно оптимизирани поединци’ толку повеќе имаме што да загубиме, и толку повеќе пандемијата ќе опстојува, со залихи од дози кои се даваат на високоризични луѓе - додека невакцинираните за ширењето на вирусот продолжуваат да ги обвинуваат вакцините наместо самите себе,“ објаснува Хамблин.