Објавата е направена на крајно-левичарската Индимедија, која и претходно се користеше за „фалење“ на нападите од крајните левичари и за повици за насилство против АФД.
Информацијата за германски Фокус ја потврдува и федералната полиција и службата за обезбедување на политичарите, според која на 13 септември се објавени неколку повици за насилство против популистичката партија, меѓу кои има и „Ајде да ги убиеме АФД свињите со експлозиви“.
Повикот е надополнет со документ во кои се наведни домашните адреси на сите 53 политичари, меѓу кои има парламентарци во некои од сојузните парламенти, како и координаторот на парламентарната група на АФД.
Паралелно со овие два документи, објавени се и прецизни насоки за составување на експлозивни уреди.
Откако се проширува информацијата постовите се избришани или скриени.
На Индимедија во 2019 беше објавен „водич за насилство“ со детални упатства како да се убие член на АФД.