Починатата е Хајлина Хачкинс, која работела како директор на фотографија на филмот, а во инцидентот е ранет и режисерот на филмот Џоел Соуза. Хачкинс веднаш со хеликоптер била пренесена во болница меѓутоа починала од повредите.
Полицијата се уште го истражува убиството меѓутоа нема поднесено никакво обвинение, ниту пак некој е уапсен. Според полицијата инцидентот се случил за време на снимање на сцена. Локалните медиуми пренесуваат дека Болдвин бил виден пред тамошната полициска станица.
Оружјето што го користел Болдвин по сите правила требало да биде полно со маневарска муниција. Од полицијата изјавиле дека е премногу рано да се каже каков тип на куршум бил употребен.
Болдвин во Ново Мексико го снима филмот „Раст“ во кој го игра истоимениот лик кој е дедо на 13-годишен тинејџер осуден на бесење за ненамерно убиство на локален фармер.