Хоби граничарите викендов биле пресретнати од германската полиција, откако претходно се собрале по повикот од Третиот пат да почнат да ја пазат границата и да преземат мерки против сите што мигранти што ќе ја минат полската граница. Групата била опремена со стандардниот арсенал од солзавци, бајонети, мачети и палки.
Дел од приведените доаѓаат од пограничните места, меѓутоа има и такви кои пристигнале на границата од други сојузни држави.
Според германското министерство за внатрешни работи, изминативе три месеци околу 5.000 лица на диво ја минале полско-германската граница. Најголемиот број бегалци кои пристигнуваат преку „белоруската рута“ се од Ирак, Сирија, Јемен и Иран.
Германија на границата со Полска ќе испрати дополнителни 800 полицајци, а Полјаците заради бегалскиот бран само на границата со Белорусија имаат распоредено околу 10.000 војници.
Полскиот план за изградба на ѕид на границата со Белорусија доби поддршка и од германскиот министер за внатрешни работи, според кого членките на ЕУ имаат легитимно право да ги заштитат своите граници од нелегални минувања на границата.