Во прашање е неименуван милионер кој ги повлекол парите од Банката на Шангај во Кина. Бидејќи ги имало многу, на него му е дозволено да повлече само во износ дневниот лимит од 5 милиони јуани (670.000 евра).
Бидејќи целата работа е околу инает, тој одбил парите електронски да бидат префрлени на некоја друга сметка, туку побарал службениците рачно да му ги избројат овие 5 милиони јуани и да му ги дадат во кеш.
Во апоени од 100 јуани, службениците требало да обработат 50.000 банкноти.
Верзијата на коминтентот е дека бил незадоволен од услугата на банката. Верзијата на банката е дека обезбедувањето побарало од него да стави маска кога влегува.
Милионерот најавил дека секој ден ќе се враќа во банката се додека не ги извади сите пари што ги има на сметка.