
Станува збор за рекорден удел од вкупниот број на достапни акции кои се во сопственост на богаташите. Бројката од 89% е за еден процент повисока отколку пред почетокот на пандемијата.
Пазарот на акции се има зголемено речиси за два пати од март 2020, и е главен извор на создавање богатство во Америка за време на пандемијата. Исто така е и главен извор на нееднаквост. Од почетокот на пандемијата речиси 70% од растот на богатството на топ 1% најбогати доаѓа од акции.
Ваквата концентрација на акции следува и покрај приливот на нови инвеститори на берзата преку апликации како Робинхуд. Апликацијата моментално има над 22 милиони корисници.
Слабата страна на оваа бројка е што е составена претежно од млади инвеститори кои прв пат се појавуваат на берза, и кои главно се наклонети кон трговија со акции (брзо купување и продавање во надеж дека ќе направат брзи пари), наспроти стратегијата на богатите инвеститори кои купуваат акции и чекаат што ќе се случи на долг рок.