Оригиналниот наслов на веста која ви ја пренесуваме гласи:
„ВАКЦИНИРАНИТЕ ИМААТ ПОМАЛКУ ШАНСИ ДА УМРАТ ОД КОЈА БИЛО ПРИЧИНА!“
„Луѓето кои примиле ковид вакцина не само што имаат помали шанси да умрат од ковид, туку имаат помали шанси да умрат од која било причина,“ вели медиумот.
Се повикуваат на студија чија главна порака е дека трите одобрени вакцини во САД се безбедни за користење а во која се споредиле судбините на 6,4 милиони луѓе кои биле вакцинирани со група од 4,6 милиони кои не биле вакцинирани. Просто, во втората група се случило да има повеќе умрени луѓе.
Најверојатно се работи за студија која не е рандомизирана, што е еден од клучните услови едно истражување и резултатите од него да бидат релевантни.
А може стварно ќе станеме бесмртни ако се забодеме уште едно 10-20 пати.