Вести

Елитниот Кембриџ се поднови. Со чучавци.

Локалната власт во градот Кембриџ потроши милионска сума за серија јавни вецеа со концепт чучавци. Направено е тоа за да се задоволеле некои специфични културолошки преференци на дел од туристите кои го посетуваат градот. Локалците сега мрчат затоа што треба да платат за да чучнат. 

Старите далноводи се одговорни за катастрофалните пожари во Грција

Застарената надземна електрична мрежа е одговорна за најразорните шумски пожари во Грција во текот на оваа сезона. Бројот на пожари од далноводи е релативно мал, но огнот вообичаено избувнува на непристапно место со сува вегетација и ветровите лесно го шират во катастрофа. На Грција ѝ требаат 35 милијарди евра за да закопа кабли во должина од 120.000 километри.

Чудо во Германија:

Црквите губат верници, но добиваат повеќе пари

Стотици илјади верници секоја година ги напуштаат католичките и протестантските цркви во Германија, но црквите сепак добиваат повеќе пари од задолжителните даноци. Зголемувањето на просечните плати и прогресивниот даночен систем значат дека намалениот број регистрирани верници секоја година издвојуваат повеќе пари за црквата.

Речник

Неписмените работници во САД заработуваат како просечните во Британија

Иако младите Британци се квалитетно образувани, тоа не им е гаранција дека на пазарот на труд лесно ќе најдат работа и ќе добијат плата соодветна за знаењата и вештините што ги стекнале. Економската стагнација ги пренасочува кон работни места за кои се преквалификувани и им ги зголемува фрустрациите поради тоа што заработуваат помалку од неписмени работници од САД.

Никој во ЕУ не знае кој ќе го плати заемот од 90 милијарди за Украина

Првите транши од заемот на Европската Унија за Украина во вредност од 90 милијарди евра почнаа да се исплаќаат од јуни. Иако некои земји-членки се изземени од финансиските обврски поврзани со заемот, се поставува прашањето: кој на крајот ќе го сноси товарот? Очигледно, ниту самата Европска комисија не го знае одговорот.

Го извлекле Трамп од „Ер форс 1“ во камионче за храна?

Доналд Трамп тајно ја напуштил Турција минатиот месец со воен авион, а не со претседателскиот „Ер форс 1“, во кој патувале неговата придружба и новинарите. Таква тајна операција за заштита на претседателот на САД била спроведена само неколку пати досега. Причината биле сериозните закани за атентат врз Трамп од страна на Иран, тврдат извори на „Вашингтон пост“.

Кина едвај постигнува со производство на електрични ќебиња за Европа

Иако логиката не им е баш непробојна, Европејците периодов навалиле на купување електрични ќебиња од Кина како превентива од проблемите со греење во зимските месеци.

Кретенот да ти бил педофилка

Уште еден дебакл на „увиѓајноста“ на идентитетските политики. Сериски педофил упропастувал детски животи како маж. Но, во меѓувреме решил да транзитира па бил осуден како жена и однесен во женски затвор. Од сето тоа, на полицијата најважно и е некој да не го навреди па да го рече машко.

По ново, војната да ти била добра за климата

„Војната во Украина има повеќе плусови отколку минуси“, пренесува Ројтерс едно бизарно мислење на темава. Да сме цинични, би помислиле дека не постои тема или проблем кои некои не можат да ги жртвуваат на олтарот на желбата оваа војна во Украина да се води до последниот локалец, па и пошироко.

ФБИ спискало 40 години на Арета Френклин

Музичкото досие на првата дама на американскиот соул е богато, пребогато. Не е помало ниту нејзиното активистичко портфолио за правата на жените и црнците. Но, ако има нешто подолго од тие две работи, тоа е нејзиното досието во ФБИ.

Првите денови на Трус бетер од последните денови на Џонсон

Британската премиерка, Лиз Трус, има пониски рејтинзи на почетокот од својот мандат отколку што Борис Џонсон имаше на крајот.

Иранските дронови се евтини, ги има и ѝ вршат работа на Русија

Деновиве војната повторно стигна до Одеса, стотици километри оддалечена од фронтот, и тоа не благодарејќи на најразличните руски ракетни системи, туку на увезените ирански камикази дронови.

На преживеаните од нуклеарка, црно им се пишува

Двајца истражувачи на природата отишле во чернобилската област која во 1986 година беше девастирана од хаваријата на тамошната нуклеарна централа. Откриле невообичаена појава; за да преживеат во вонредно неповолните услови за живот, локалните жаби морале да сменат „раса“.  

Полска официјално почна да се раскусурува со Германија

Полскиот министер за надворешни работи со сета сериозност потпиша дипломатска нота до Германија во која од соседот бара да се вразуми и да ги плати парите што ги должи за штетата од Втората светска војна.

„Здраво“ со поминат рок на траење

Јако е да се храниш здраво и доследно да ги следиш сите важечки прописи за храната, убеден дека тие се темелат на науката и најновите сознанија на таа тема. И онда еден убав ден, надлежните ќе решат да ти ја сменат дефиницијата за тоа што е здраво и ќе ги променат критериумите по кои цел живот си се водел додека си бирал производи во маркет.  

Што кога Бајден ќе треба да излезе на кампања?

Уште пред американскиот претседател да почне да комуницира со умрени луѓе на настани организирани од Белата куќа, јасно беше дека Џо Бајден повеќе не е во најдобрите години, пишува колумнистката на Вашингтон пост, Меган Мекардл.

Телефонот на Илон Маск ги урива митовите за големите фаци и бизниси

Деновиве светот го погледна телефонот на Илон Маск и можеше да види како реално изгледа тој најблизок круг на најбогатиот човек на планетава. Што сè има во тој телефон? Генијалци, луцидни идеи, возбудливи проекти? Ма јок. Шупливи и сервилни папаци и климачи со глава, бесрамно богати и уште побесрамно расположени да се увлекуваат.

Последните денови на Ентони Бордејн: Осамен сум

Уште неизлезена, една биографија на Ентони Бордејн која се занимава со неговите последни денови и расположенија ги вознемири членовите на неговото семејство и пријателите. Биографот вели дека живототот на овој хедонистички Одисеј во скинати фармерки е уште потсетување на старата „пази што посакуваш....“

Зошто слоновите не добиваат рак?

Не е тоа така банално прашање како што звучи на првa. Мистеријата има и име; се вика парадоксот на Пето и гласи: Aко канцерот е предизвикан од мутации на гени кои се кумулираат со текот на времето, како тоа некои од најдолговечните животни како што се слоновите и китовите, не заболуваат од рак? 

Србија, упатство за употреба

Теофил Панчиќ им посакува добредојде на Русите кои бегајќи од војната одбраа да дојдат во Србија но им дава и пар драгоцени потсетувања: овде луѓето ни се браќа сè додека тоа не нè обврзува на ништо конкретно а нај браќа се кога се далеку.

Првиот човек на Фајзер се уфуфка од сведочење

Откако под лупа на јавноста дојде чудната блискост и директните контакти меѓу главниот човек на Фајзер и Урсула фон дер Лејен од ЕК (пред да биде потпишан милијарди долари вредниот договор за вакцини за ЕУ), шефот на Фајзер/Бионтек реши да се повлече од закажаното сведочење пред ковид панел на Европскиот парламент.

Албанска евакуација од Данкирк

Во истоимениот воен спектакл, Кристофер Нолан ја овековечи евакуацијата во Данкирк од Втората светска војна. Репортери на Деили Меил ја регистрираат евакуацијата која секојдневно се случува во Данкирк во 2022 година. Нашле дечко кој од тоа заработува милион фунти неделно.

И на Путин му се одмили мобилизацијата

Руската влада направила грешки за време на делумната мобилизација на резервниот состав, прибирајќи и тоа што смее и тоа што не смее, изјави човекот што ја нарача мобилизацијата.

Германија со 200 милијарди евра ќе го брани народот од високи сметки

Германската влада ќе го реактивира фондот за економска стабилизација и ќе „направи се што може“ за да ги намали цените на гасот и струјата за претстојната зима, соопшти Шолц.

Ши Џинпинг, шефот на Путин?

Притисокот од кинескиот претседател Ши Џинпинг, а не украинската контраофанзива, е причината зад неодамнешните одлуки на рускиот претседател за мобилизација и референдуми, тврди негов поранешен советник.

Се бара суспензија на вакцините, „до даљнег“

Еминентни научници и доктори се здружуваат во апел да се суспендираат мРНК вакцините додека целосно не се истражат сериозните нус-појави. Бараат и Фајзер да го отвори сиот истражувачки материјал кој го поседува за да може да се направи независна проценка на ќарот и штетата за различни возрасни групи.

На САД и Европа им снемува оружје на залиха за испраќање во Украина

Годишното производство на комплетната американската воена индустрија вообичаено е околу 30.000 155-милиметарски гранати за хаубиците што САД и ги испорача на Украина. Во борбите на фронтот украинска армија овие 30.000 гранати ги троши за околу 2 недели.

Катар 2022, најскапото нешто што некогаш се одржало

Ако се земат превид сите пари што се дадени за организација на Мундијалот во Катар од изградба и реновирање на стадиони, до неопходна нова инфраструктура, првенството во Катар е најскапиот настан што некогаш е организиран.

Депресија, од граха и купуса

Брега секогаш бил пред времето. Горниот стих на Бијело дугме од 1983 година (од албумот Успаванка за Радмилу М.), во 2022 година добива научна верификација. Вегетаријанци се двојно подепресивни луѓе отколку оние што јадат месо.

Шолц се врати со само еден танкер гас од арапската турнеја

Обединетите Арапски Емирати му гарантираат на Шолц и германската економија испорака на еден танкер течен гас, вкупно. Може ќе има и други, ама може и не.