Од еден од поголемите британски продавачи, Џон Луис, тврдат дека продажбата на електрични ќебиња е порасната за 67% во однос на минатата година, а он-лајн пребарувањата на темата се зголемени за речиси 470%.
Сличен тренд пријавуваат и кинеските производители, пример УТК технолоџи од Шензен, кој соработува со Алибаба, според кои нарачките од Европа се зголемени за пет пати, и најголем дел доаѓаат со барање за итна испорака.
Извештајот на кинеската Асоцијација за електрични уреди за домаќинство покажува дека интересот за овие ќебиња почнал да расте уште во летните месеци кога европските препродавачи почнале да прават залиха. Само од јануари до јули годинава, Кина во Европа извезува два пати повеќе електрични ќебиња отколку цела 2021.
Проблемот со ваквиот интерес на Европејците е што во случај на ескалирање на енергетската криза што со цени, што со рестрикции, истите овие ќебиња ем ќе продолжат да ги креваат цените до недоглед, ем едноставно нема да работат кога ќе ја изгасат струјата.