Гледајќи го како трепери за време на говорот во изборната кампања за Ајова и Њу Хемпшир во 2020, ти неизбежно си изненаден од тоа колку старо изгледа. Се сеќавам како стојам на страна на некој митинг, некаде, посакувајќи да можам на поранешниот потпретседател да му дадам столче. Си мислев „дури и да ја добие номинацијата, дали тој стварно ќе може да издржи уште една година од ова?“
Да бидеме на чисто, јас сепак гласав за него; кои и да се слабостите на Бајден, сепак го претпочитам него пред очигледното лудило на Доналд Трамп. Но исто така се прашував колку други луѓе би гласале за него, ако не се случеше пандемијата.
Тоа е очигледно комплицирано контра фактичката состојба - ако не беше пандемијата, Трамп ќе беше тогаш актуелен претседател кој управува со силна економија, а луѓето во таа позиција обично имаат тенденција да освојуваат реизбор. Меѓутоа исто така тука е фактот дека пандемијата го поштеди Бајден од неопходноста да се излезе и да се истера целосна кампања.
Гласачите имаат пријатно чувство за кандидатите кои ќе дојдат во живо да ги сретнат. Па кандидатите за претседател се пренесуваат од еден настан во живо на друг настан во живо, паузирајќи помеѓу за да се консултираат околу ситници како стратегија за кампањата и политички ставови. Во овој подвиг годините се очигледен хендикеп - иако, исто така очигледно, не и фатален. Трамп секогаш изгледаше шокантно робусно за човек кој е во 70-те години и се храни со пржени работи и очигледно без скрипта може со часови да и се обраќа на публика од подиум. На ноќните митинзи во 2020, Берни Сандерс со енергичност и ентузијазам ги напаѓаше банкарите.
Меѓутоа за време на партиските избори 2020, без разлика во кој дел од денот говореше Бајден, тој изгледаше уморен и звучеше колебливо. Неговата состојба ќе им беше многу појасна на сите ако тој потроши цела година бркајќи гласачи на секој панаѓур низ САД наместо најголемиот дел од кампањата да ја тера од место. Многу повеќе Американци ќе ја видеа неговата карактеристика што би можела да се нарече возрасен момент. Не деменција, како што Трамп тоа неодамна го спомна; туку моменти во кои тој се труди да најде зборови или делумно се збунува.
На пример на неодамнешниот настан на Белата куќа кога тој ја повика конгресменката Џеки Валорски. Валорски не беше таму, бидејќи во август почина во сообраќајка. Бајден наводно и се јавил за да изрази сочувство на семејството.
Луѓето на Бајден обично можат да ги објаснат овие моменти. Бајден беше машина за гафови, меѓу кои беше и поканата за еден параплегичен сенатор да стане. Голем број од неговите погрешни изјави, можат да бидат припишани на тоа што „Џо е Џо“. Неговите слаби дебати во 2020 можат да бидат припишани на дткањето од детството. И секако претседателот има далеку повеќе работи отколку нормален човек, па веројатно е потешко за него да запамети сè што се има случено - дури и изразувањето сочувство.
Меѓутоа имајќи го ова предвид, треба да изгледаш видео од пред 10 години за да видиш дека претседателот сега е поспор отколку што некогаш беше. Тоа не значи дека тој не е способен да биде претседател; од него нема да се бара да реши меѓународна дипломатска криза преку брзо решавање на крстозбор.
На неодамнешна анкета, помалку од половина од Американците изјавија дека тие се уверени дека Бајден е ментално добар за работата. А колку повеќе Бајден излегува во јавност - како што ќе мора за кампањата 2024 - толку повеќе тој е подложен на зголемување на нервозата околу неговите години.
Веројатно неговиот персонал го знае ова; се сомневам дека е случајно тоа што Бајден генерално беше тивок во првите 20 месеци од мандатот. Но без разлика дали Републиканците ќе го номинираат Трамп или некој друг, неговиот противник ќе биде пред него на говорницата, собирајќи го ентузијазмот на гласачите и докажувајќи дека има издржливост за работната позиција. Ако Бајден не може да парира, тој на противниците ќе им даде предност - посебно затоа што тие нема да се срамат да ги постават прашањата околу неговата физичка подготвеност.
Секако, тоа не успеа во 2020 кога Трамп се обиде да го нападне Бајден за тоа што ја тера кампањата од подрум. Меѓутоа како што самиот Бајден неодамна забележа, вонредната фаза од пандемијата е готова. Луѓето се вакицнирани и си ги тераат своите нормални животи. Што значи дека ако Бајден се кандидира во 2024, тој ќе мора да одговори на прашањата од кои во 2020 судбината го помилува: Дали тој е навистина силен за да истера победничка кампања, во живо? И ако не, дали гласачите сепак се волни да гласаат за него?