Зошто слоновите не добиваат рак?

Не е тоа така банално прашање како што звучи на првa. Мистеријата има и име; се вика парадоксот на Пето и гласи: Aко канцерот е предизвикан од мутации на гени кои се кумулираат со текот на времето, како тоа некои од најдолговечните животни како што се слоновите и китовите, не заболуваат од рак? 

Барeм за слоновите дел од одговорот можеби е генот познат како п23 кој и кај луѓето и кај другите цицачи помага во поправка на ДНК која се оштетила за време на репликациите.

Слоновите имаат дури 20 копии од овој геn, секоја со по две верзии, што продуцира вкупно 40 заштитни протеини. Од друга страна, човекот има само една единствена копија, која носи само два протеина. 

Кај сите цицачи, п53 игра клучна улога во спречувањето мутираните клетки да се претворат во тумори. Функционира така што ја паузира  репликацијата и потоа или започнува поправка или предизвикува клетките да се самоуништуваат ако штетата е премногу обемна. Без дејствување  на п53, ракот може лесно да се фати: во над половина од сите видови рак кај луѓето, функцијата на генот се има изгубено.

Студија објавена во „Молекуларна биологија и еволуција“ фрла светло врз супериорниот одбрамбен систем на слоновите од рак и нивните заштитни протеини кои не само што се побројни, туку и функционираат како специјалци, секој реагирајќи на специфични молекуларни предизвици и ДНК проблеми.

„Ова е важна студија. Слоновите и нивната резистентност на ракови стануваат драгоцен извор за разбирање на есенцијалните клеточни реакции на ДНК оштетувањата,“ вели виролог од еден ценар за истражување канцер.

 

1 октомври 2022 - 21:04