Британски парламентарци побараа итно раскринкување на илегалната мрежа на трговија со луѓе од која организани банди заработуваат силни милиони шверцувајќи илјадници луѓе преку каналот.
Узбуната ја дигна истражувачка сторија на Дејли Меил чии репортери, претставувајќи се како заинтересирани муштерии, наоѓаат човек кој им ветува дека за само 4.5 илјади фунти по човек може да ги пренесе во Англија.
Албанец е, го викаат Златниот лав, оперира во францускиот Данкирк и од шверцање луѓе заработува милион фунти неделно, пишува медиумот.
Дечкото им објаснува дека британските власти ќе им дадат храна, ќебиња и сè што им треба пред да ги стават во хотел.
„После тоа, можете да одите кај што сакате,“ ветува Лавот.
Данкирк е главниот хаб за шверц на мигранти преку Ла Манш и целото место е прилагодено на таа дејност: куп евтини хотели, ресторани работат и во недела, таксисти на располагање....
Лавот и таквите знаат да имаат и по 600 имиња на листите за чекање за превоз до Англија.
Работите не одат мазно само заради конфликтите меѓу ривалските банди кои го организираат шверцот. Полицијата е најмал проблем. Репортерите на Деили меил сведочат како нивниот „превозник“ и дружината биле уапсени во рација во некое кафуле но веќе утредента повторно биле на „работно место.“
Со мали и небезбедни чамчиња, годинава досега каналот го минале 32.000 мигранти, повеќе од цела мината година. 60% од нив се Албанци.