Истражувачите Пабло Бурако и Гриман Оризаола заминале во Чернобил во 2016-та година и брзо забележале дека лoкалните жаби кои доминантно се зелени, во меѓувреме станале претежно црни.
Жабите го развиле црниот тен за да се заштитат од радијација во областа.
„Поради радијацијата, жабите од Чернобил веројатно минале низ процес на рапидна еволуција во која црните жаби, поради заштитниот ефект на мелатонинот, биле во предност за преживување и размножување“, вели нивната студија.
Десетици генерации подоцна, ваквата изнудена еволуција придонела црните жаби кои биле малцинство, во меѓувреме да станат доминантен вид во Чернобил.