Вести

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Обединетите нации се корисен театар

Секој септември, кога заседанието на Генералното собрание на ОН го парализира сообраќајот,  њујорчани се прашуваат: Која е поентата на глобалниот политички театар? Обединетите нации не се „почетокот на светска држава“. Најдобро функционираат во поограничена улога, кога делуваат како форум за државите, а не како повисок авторитет над нив. 

Речник

Работната недела се растегнува на шест дена

Идејата за четиридневна работна седмица веќе е напуштен. Се прифаќа нова шема на работа и во неделите. Наместо да ги набиваат работните часови во помалку денови, работниците едноставно ја прошируваат работата на шести ден, делејќи го времето на нелинеарни блокови прилагодени на родителските обврски, нивото на енергија или личните задачи.

Стара Канаѓанка еутаназирана против нејзината волја

Жена од Онтарио која страдала од тешка болест, во јули била подложена на програма за „медицинска помош при умирање“, иако во последните денови од својот живот јасно и гласно кажувала дека не сака да умре. Медицинските лица инсистирале да се спроведе процедурата наспроти сомневањата дека жената била збунета кога потпишала согласност за сопствената смрт. 

Како Трамп ги изневери Саудијците

Саудиска Арабија со години вложуваше стотици милијарди долари во воено партнерство со САД, верувајќи дека тоа ќе го одбрани Кралството од регионалните непријатели. Кога дојде критичниот момент, Вашингтон му сврте грб на својот партнер. Разочарувањето го води Ријад кон создавање  регионален воен сојуз и градење многу поблиски стратешки односи со Кина.

Некогаш само ѕид врши работа од комшии

Иако за ѕидови и бодликави огради се зборува само кога се сака да се нагласи назадноста и нечовечноста на Трамп или Орбан, постои еден друг ѕид меѓу две држави, долг колку од Скопје до Богданци, кој бааги врши работа. Оној кој навреме го подигна Доминиканската Република, насетувајќи го хаосот кој ќе го зафати соседно Хаити. Благодарејќи на ѕидот, стапката на криминал е рапидна намалена.

Украина ги спука Чешка и Словачка како што ни разделувањето не ги раскара

Додека Чесите сега се актуелни по тоа што имаат разработено еден од најдеталните планови за наоѓање и собирање артилериска муниција за украинската армија, Словаците целосно ја суспендираа помошта за Украина ветувајќи дека нема да испратат ни куршум во Киев и бараат Украина да почне преговори со Русија.

Нвидиа го претстави Блеквел Б200, најмоќниот чип на светот

Ветувањето од Нвидиа е дека чипот со 208 милијарди транзистори може да го намали трошокот за вештачка интелигенција и потрошувачка на енергија за 25 пати во споредба со неговиот претходник Х100.

Таман кога Ирска помисли дека има рецепт за демократија

Ирска со години беше славена како патоказ за непосредната демократија со нејзините „граѓански парламенти“, случајно избрани луѓе кои дебатираат па после даваат препораки за некое прашање. Така успешно поминаа два битни референдуми, за истополовите бракови и за абортусот. Таман поверуваа дека ја имаат формулата, последниот двоен референдум доживеа маестрално фијаско. 

Британска авто-индустрија е нешто посебно наивна по санкциите на Русија

Анализата на Скај њуз открива дека во истиот период во кој извозот на британската авто-индустрија во Азербејџан бележи драстичен раст, се случува речиси идентичен раст на извоз на автомобили од Азербејџан во Русија. За британската авто-индустрија ова нема никаква поврзаност.

На Вијаграта ѝ нема крај

Научници се колнат дека вештачката интелигенција им помогнала да откријат дека редовното користењето Вијагра помага во спречување на намалувањето на когнитивните капацитети кај луѓе во години и спречува Алцхајмер.

Американските пријатели му вртат грб на Нетанјаху

Говорот на лидерот на сенатското мнозинство се оценува како пресвртен во односот на САД кон Нетанјаху. Пораките доаѓаат од човек од кој ретко кој бил повеќе про-Израел а една од нив е дека цивилите во Газа не заслужуваат да страдаат заради гревовите на Хамас. Политички уште поважна е пораката дека оваа влада на Нетанјаху, веќе не му врши работа на Израел. 

На Линдзи Грем не му се доволно загинати Украинци

Американскиот сенатор во Киев побара од украинските парламентарци што е можно побрзо да го изгласаат законот за мобилизација, кој значително ќе ги снижи границите за тоа кој се може да биде мобилизиран во украинската армија.

Макрон крие колку француски војници веќе загинале во Украина?

Шефот на странското разузнавање на Русија тврди дека Макрон навистина подготвува ешалон војници кои би би пратил во Украина. Според Сергеј Наришкин, упорното настојување на Макрон да ја држи опцијата за праќање војници во Украина има за цел да се маскира бројот на француски војници кои веќе имаат загинато на боиштето, од страв да не излезе народ на улица. 

Се намерачија да ги гасат и пурите и лулињата

Британските фанатици за јавно здравје имаат нов непријател на повидок: пурите и лулињата. Вадат статистички податоци со фабричка грешка за да ја оправадат својата намера сè што ќе им текне да биде внесено во оној закон по кој на сите родени после 2008 година доживотно им се забранува да купат тутун. Најмногу им било за децата. А никој не гледа сурија деца со лулиња во уста.     

Русија бара Германија да ја признае опсадата на Ленинград за геноцид

Опсадата на Ленинград и останатите злосторства извршени од Третиот Рајх против Советскиот сојуз треба официјално да бидат признаени од Германија како Геноцид, бара руската влада.

Како американскиот рамковен го уби американскиот микрочип

Администрацијата на Бајден објави дека конечно ќе почне да пушта пари од 39 милијарди долари вредниот ЧИПС акт, за поттикнување на производството на микрочипови во САД. Кратко по ова најголемите глобални производители на чипови одлучија да ги откажат своите проекти во САД.

Шведските политичари пишман што примија толку мигранти

Пратеничка од шведската Партија на умерените јавно им се извини на гласачите што претходно била за отворени граници, и жали за „направените грешки“ што повикала на „отвореност и добредојде за бегалците.“

Зошто Таурус е најбараната европска ракета

Украина до сега доби проектили со голем домет од Британија, Франција и САД, но она што украинските вооружени сили навистина го сакаат се германските Таурус системи, а Германија упорно го одбива тоа.

Во 2023 повлечени над 10.000 објавени научни студии

За прв пат во историјата, во 2023 научните журнали повлекоа над 10.000 студии што ги имаа објавено истата година, и тоа е на штета и на науката и на медицината и на развојот на лекови.

Враќањето на Трамп е дело на Демократите

Ако Трамп се врати на власт, тоа и овојпат ќе биде заради Демократите и нивната рамнодушност кон страдањата. Тие знаат дека работничката класа ги има напуштено не не можат да им свртат грб на корпорациите, па ќе играат на картата на страв од враќање на Трамп. Но, тој страв можеби ќе запали во урбаните и образовани енклави, но не и во американската пустелија. Таму го сакаат она што го сака и Трамп - одмазда. 

Нова секирација за мРНК вакцините

Фактчерите го побиваа раширениот страв дека ковид вакцините, со оглед на тоа што не се класични вакцини туку мРНК, можат нешто да поматат во човековиот ДНК и клетките. Неодамна биле правени истражувања дали тоа може да се случи не на здрави, туку на клетки на рак. Може.  

Берлинската техно-сцена стана културно наследство на УНЕСКО

Агенцијата на Обединетите нации одлучи да го признае придонесот што техно сцената го има кон културниот идентитет на Берлин, и како таква ќе ја додаде на својот список на нематеријално културно наследство.

Зошто толку многу млади луѓе закачуваат рак?

Онколози се од оние лекари кои сешто виделе во својата пракса но за многумина од нив, ништо не ги снеможува така како кога ќе видат млад човек на кого ќе му најдат еден од оние ракови кои обично фаќаат луѓе постари од 65 години. Ќе се помисли на дебелина, алкохол, процесирана храна... но не, рак често фаќаат здрави и тотално фит луѓе, без никакви ризични фактори за канцер.

Кога здравиот разум ќе падне во транс

Мат Таиби пишува за една насловна која ја смета за најглупавиот насловен текст на сите времиња. Од транс-автор, во одбрана на малолетната промена на полот а напишано во име на децата и нивното „право на разици кои произлегуваат од нивната слободна волја“. Па што не ги оставаат сами да се возат со кола или да им даваат моторни пили за во школо?   

Нил Јанг се врати на Спотифај

Кога Нил Јанг во знак на протест ја повлече својата музика од Спотифај несакајќи да дели иста платформа со Џо Роган, подкастерот беше ексклузивец под договор од 100 милиони долари. Сега е под договор од 250 милиони, без ексклузивитет. Така можело. Признавајќи дека ја изгубил битката против она што тој го смета за дезинформации, Нил Јанг вели дека следната надеж му е Спотифај бар да го подобри звукот.   

Руските пари ќе донесат 20 милијарди евра само од камати од ЕУ

Руските средства замрзнати во ЕУ по почетокот на инвазијата на Украина до 2027 ќе генерираат меѓу 15 и 20 милијарди евра, после данок, во зависност од тоа како се движат глобалните камати.

Кога животот ти дава Лемони

Дон Лемон беше избркан од Сиенен. Едно време го немаше па деновиве неочекувано најави ново шоу кое ексклузивно ќе оди на платформата Икс. Обезбеди и интервју со Маск, како најава на новото партнерство. Што направи Лемон после тоа? Отиде во Сиенен, да го олајава Маск како не си ја разбирал одговорноста. Дур си исцедил лимон, Маск му го раскина договорот.

Нов проблем, туширање со прежешка вода

Дневното туширање со жешка вода, што некои го имаат доведено до прлење, ја оштетува и кожата и косата, како што би оштетувало што било друго изложено на топла вода.