Доминиканската Република се штити од криминалот кој го преплави нивниот сосед, Хаити, со граничен ѕид долг долг 160 километри, висок 3,6 метри, опремен со дронови, камери од 360 степени, ноќно мониторирање и стражарски кули.
Го има нарачано и изведено доминиканскиот претседател Луис Абиданер проценувајќи во каков хаос влегува Хаити кој е во тотален колапс: про-американската влада им го предаде главниот град на бандите кои сега го контролираат Порт о Пренс, Американците се евакуираа од својата амбасада, премиерот е во Порторико и страв му е да се врати....
Претседателот Абинадер изјави дека ѕидот ги има нанмалено кражбите на стока, моторцикли и автомобили за 80%.
Кризата доведе до хуманитарна катастрофа со 5 милиони Хаиќани кои имаат потреба од помош и 362.000 внатрешно раселени лица. Откако премиерот Ариел Хенри поднесе оставка и побегна, околу 17.000 луѓе го напуштија Порт-о-Пренс. Многумина се упатија кон границата со Доминиканската Република, но претседателот на земјата Луис Абинадер ги предупреди меѓународните лидери дека „или ќе се бориме заедно да го спасиме Хаити, или ќе се бориме сами за да ја заштитиме Доминиканската Република“.