Несогласувањата меѓу двете држави ескалира месецов откако Прага се откажа од неформалните заеднички владини седници со Братислава, затоа што словачкиот премиер, Роберт Фико, се сретнал со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Мислам дека можам да кажам дека има разлики меѓу нас. Нема што да држам во тајност дека ние се разликуваме во нашите гледишта за причината за руската агресија против Украина и како таа треба да се реши,“ изјавил чешкиот премиер Петр Фиала.
Судирот е невообичаен затоа што уште од распадот на Чехословачка, двете држави одржуваат блиски односи без разлика на идеологијата на владејачките партии во Прага и Братислава.
„Во минатото и кога беше најлошо, имавме односи на меѓусебна индиферентност, меѓутоа никогаш и отворена реторичка конфронтација,“ објаснува Далибор Рохац, од Американскиот ентрепрајз институт.
По одлуката на Фиала да ги прекине заедничките седници, Фико одговори дека чешката влада ги загрозува меѓусебните врски затоа што има интерес да ја поддржи војната во Украина.
Фико од доаѓањето на власт е на став дека веднаш е потребен мир бидејќи Украина нема да може да врати многу од територија што ја изгуби, а во една прилика порача дека Украина секако нема суверенитет бидејќи целосно е потчинета на САД.
Сегашните разлики меѓу двете влади главно се по идеолошка линија, па така додека Фиала одржува блиски односи со словачкиот опозициски лидер, Микал Симецка, ставовите на Фико отприлика се слични на оние на поранешниот чешки премиер, Андреј Бабиш.
„Кога Фиала го прекори Фико, тој исто така го прекоруваше и Андреј Бабиш и најразличните про-Кремљ гласови во Чешка.
Разликата меѓу Фиала и Фико е што првиот ја гледа војната во Украина како егзистенцијална. А вториот, ја смета чисто за надворешен настан кој може да се искористи за постигнување на политички цели на домашен терен - исто како Бабиш,“ објаснува Рохац.