Барањето на Грем до украинските законодавци доаѓа во време кога неговите колеги во Конгресот не можат да се согласат околу пуштање на помошта од 60 милијарди долари за Украина, а и самиот тој е еден од конгресмените кои минатиот месец се свртеа против помошта.
Најголемата промена во законот за мобилизација е симнувањето на границата за регрутирање од 27 на 25 години, иако граѓаните на земјата од 18 до 60 години можат доброволно да се пријават за служење војска.
Линдзи, лично не е задоволен ни со спуштање на границата на 25 години:
„Се надевам дека сите оние што се квалификуваат за служење во украинската армија ќе се приклучат.
Не можам да верувам дека е на 27 години.
Се борите за вашиот живот, и треба да служите, не на 25 или на 27.
Ни требаат повеќе луѓе на фронтот.“
Сенаторот има посебна порака и до сите Украинци дека нивната одлука за пријавување во војска не треба да се базира на тоа дали САД испраќа помош или не:
„Без разлика што правиме ние, вие треба да се борите.
Без разлика што правиме ние, вие се борите за вас.“
Во разговорот со Зеленски, Линдзи порачал дека е „пооптимист од кога и да е нешто ќе излезе од Претставничкиот дом на Конгресот во скоро време.“