Наришкин во интервју за ИТАР Тасс чија содржина ја пренесува турската агенција Анадолија вели дека првичниот контингент француски војници бил подготвен и тој иницијално би изнесувал 2.000 лица.
Тој вели дека францускиот претседател Емануел Макрон ја крие вистината за бројот на француски војници кои веќе се убиени во Украина поради страв од масовни протести во неговата земја.
„Порано или подоцна, Макрон ќе мора да ја открие грдата вистина, но ќе се труди максимално да го одложи признанието“.
Наришкин тврди дека во Елисејската палата им е јасно дека бројот на загинати Французи веќе има надминато „психолошки значаен праг“ но објавувањето на вакви чувствителни податоци може да ги испровоцира граѓаните на протести, особено во време на масовните антивладини протести на земјоделците во земјата.
Наришкин тврди дека француското воено раководство „се плаши од незадоволство“ меѓу активните офицери од средно ниво бидејќи меѓу загинатите има „непропорционално многу“ од нивниот ранг и веќе има проблеми со наоѓање офицери за ротација и замена.
Наришкин не пропушти да порача дека евентуален француски контингент испратен во Украина ќе стане приоритетна мета за руските вооружени сили и дека нив ги чека истата судбина како и секој Француз кој со меч дошол на руска земја, пренесува Ал Арабија.