Вести

Гулабот размислува како вештачка интелигенција

Мозокот на гулабот функционира на сличен начин како и вештачката интелигенција на базично ниво. Ова го покажа нова студија во која психолози од Универзитетот во Ајова го испитале функционирањето на мозокот на гулабот, откривајќи дека има сличности со вештачката интелигенција.

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Речник

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Камала кај младите стои полошо и од Бајден

Демократите секогаш стоеле добро кај младите. Бајден во 2020 година сериозно го потепа Трамп меѓу гласачите помлади од 35 години. Моменталниот пресек на расположениот покажува поинаква слика. Камала заостанува зад Трамп повеќе отколку дефицитот на Бајден. Многу забуни настануваат кога за сите млади се суди според она што се случува на социјалнте мрежи.  

Дали чкртање на Прајд знаме стварно е „злосторство од омраза“?

Обезличување на знамиња на гордоста во источен Лондон беше оквалификувано како „злосторство од омраза“. Ендрју Дојл (патем, геј) вели дека е многу поверојатно тоа да е мотивирано од иритација што се трошат пари на овие бесмислени гестови за поддршка на заедницата која веќе ужива целосно еднакви права според законот. Бескрајните промоции на овие квази-религиозни симболи само дополнително ќе прават поделби меѓу луѓето.

Сега па Трамп е стариот

Како што Бајден официјално се откажа од трката и и ја предаде палката на Камала, така демократите и републиканците си ги заменија скриптите, па сега првите почнаа да галамат како 78-годишниот Трамп е стар за функцијата, на која Бајден дојде токму на 78 години.

И ајкулите покрај Рио се на кокаин

Тестирајќи дузина ајкули од повеќе видови покрај бразилскиот брег, научници кај нив утврдиле екстремни нивоа на кокаин во црниот дроб и мускулите. Поморски биолози сугерираат дека кокаинот кај нив дошол преку канализационите одводи и остатоци од конзументите или пак и протекувања од илегалните лаборатории за производство на кокаин. Ајкуливе немаат малку повеќе кокаин во себе, туку многу повеќе.

Ќе смее ли Камала да ги пипне милионите на Бајден?

Се работи за десетици милиони долари, чие користење за кампања Републиканците би сакале некако да им го искомплицираат на Демократите барем до ноември, прво преку Федералната изборна комисија, а потоа и на суд.

Кинезите извадија нуклеарен реактор кој не може да се стопи

Кинезите во живо и на терен демонстрираа супериорен и досега невиден нуклеарен реактор, дизајниран да може пасивно да се лади во случај на вонредна состојба, со што се спречува она најлошото кај нив - топењето, дури и кога ќе останат без енергија потреба на системите за ладење. За да го докажат тоа, му угасиле струја. 

Шпански град ќе ги запленува пешкирите за резервирање на плажа

Сите посетители на плажите на градот Калпе се потсетени дека им е забрането поставување на каква било опрема за резервирање место на плажа, од пешкир до лежалка, пред 9 часот наутро.

Камала Харис не е дорасната за таква функција

Во интелектуална смисла, Камала Харис е перолесна категорија. Никогаш не кажала нешто оригинално или промислено. Ако обезбеди номинација, нејзините досегашни празни, бесмислени, репетитивни и будалести пораки, на Трамп ќе му нафрлат куп материјал за урнебесно смешни реклами. Меѓутоа, оние што буткаат „идентитетски политики“ тријат раце бидејќи таа уште полесно ќе биде контролирана отколку Бајден.

Kако што се откажа од кандидатурата, така Бајден да даде и оставка

Ако Џо Бајден не се чувствува доволно кадарен да ја продолжи трката за претседател на САД, тогаш тој не е ништо покадарен ни да го заврши мандатот за претседател и затоа треба да си даде оставка, бараат високи републикански функционери.

Дојдете во Франција, ќе ве убиеме

Излезе дека дури ни израелските Олимпијци не се нешто посебно популарни во Франција и меѓу жителите на Париз, кои се толку директни во изразување на својата омраза кон спортистите што Израел на Олимпијадата ќе испраќа и посебен тим од Шин Бет.

Си-ен-ен му збори на Зеленски пред рака

Состојбата на фронтот, ситуацијата во САД и тонот со кој Зеленски минатата недела и се обраќа на нацијата, Си-ен-ен го толкува како сигнал дека украинскиот претседател за прв пат е подготвен да преговара со Москва.

Јанис Варуфакис: Трите митови кои го прогонуваат Западoт

Три митови ја поткрепуваат колективната фрустрација на западните центристички политички лидери, кои долго време својата хегемонија ја земаа здраво за готово. Најголемиот удар врз самодовербата на западните елити дојде после воведувањето на санкциите, додека го убедуваа населението дека производството ќе се врати дома. Дури тогаш сфатија дека 30 години неинвестирање и во производството и во инфраструктурата го направија Западот немоќен.

Азербејџан ќе ја помага независноста од Франција

Официјален Баку тврди дека Франција предолго и предрско се меша во нивните внатрешни работи , првенствено преку блиските контакти со Ерменија со која три децении имаат сериозен конфликт околу сепаратистичкиот азербејџански регион Нагорно Карабах. Бидејќи нема фајде што им викаат да престанат да се мешаат, Азербејџан реши сега тие да се замешаат во француските проблеми.

Северна и Јужна, секоја со своето ѓубре

Северна и Јужна Кореја можат во секое време сериозно да ја спукаат, но за среќа, досега се држат до нископрофилниот меѓусебен конфликт кој знае да има и интересни епизоди. Секогаш кога Јужна Кореја ќе почне нова пропагандна акција против Северна, Северна пушта кон соседот балони кои носат отпад. По принцип, вие со ѓубре, ние со ѓубре.

Сега и десницата сака да канселира

Што заради одмазда, што заради желбата да се постигне доминација или барем рамнотежа во културната војна, денешната десница која е во залет посакува и левичарите да осетат како е кога по нив ќе дојде толпата чиј онлајн гнев уништува животи, кариери и репутации. Поединечни скалпови ќе паѓаат, меѓутоа, како и левичарите, се надеваме дека и овие нема да успеат стигмата да ја крунисаат како догма.  

Јужна Кореја ќе им доака на дроновите

Револуционерното оружје на војната во Украина излегоа дека се дроновите кои за релативно евтина цена, од неколку илјади евра, можат да уништат воена опрема вредна стотици илјади, ако и не и милиони евра. Сега Јужна Кореја има решение за дроновите кое е поевтино и од нив.

Надежта на Украина се потпира на лажните ветувања на НАТО

Неодговорната политика на алијанската кон Украина продолжува, давајќи лажна надеж, и правејќи го мирот многу помалку веројатен а војната многу поопасна, пишува Политико.

Трамп после атентатот: Бајден ќе почне Трета светска војна

Доналд Трамп ја прифати републиканската претседателска номинација пред илјада егзалтирани следбеници во Милвоки (некои со газа на увото) и првпат по атентатот одржа говор кој траеше час и половиина. Немало подолг говор за номинација последниве 50 години.

Грција почна дебело да казнува за лежалки

Првпат кога даночните власти на Грција почнаа да користат сателитски снимки во време на економскатата криза и фискалната диета, беа откриени фрапантен број непријавени домашни базени. Сега е уште полесно со дроновите кои шпартаат по Халкикиди и други места. За пет дена биле наплатени 350.000 евра казни. 

Бајден ќе се откаже викендов?

Топ членови на Демократската партија на САД приватно им рекле на основачите на Аксиос дека сè поголемиот притисок од конгресните лидери и блиски пријатели го убедиле Џо Бајден да се откаже од идејата да бара втор мандат во Белата куќа. И тоа може да се случи за само неколку дена, во викендот што претстои.

Ми се збори, ми се лае

Новоизбрана европарламентарка од Романија била исфрлена од сесија на Европскиот парламент откако ги игногирала сите процедурални опомени да не вика од место и да не ги прекинува другите додека говорат. Кога конечно дошле службите да ѝ објаснат дека таму сепак постојат правила, таа на лице ставила кучешка маска, по што сепак била одведена надвор, да се прошета и евентуално замоча.

Секој трети симпатизер на Бајден верува дека пукањето врз Трамп е местено

Обидот за атентат на Доналд Трамп е наместена работа и никогаш немала за цел да го убие поранешниот претседател сметаат нешто над 33% од симпатизерите на актуелниот претседател Џо Бајден.

Имам одлучи да сподели каков е редот за тепање сопруга

Истакнат имам од Татарстан стана центар на вниманието на руската јавност отколку неделава објави видео во кое на верниците им дава насоки како правилно треба да се тепа сопствената сопруга.

Рударење по Месечината: 20 милиони долари за кило

Во моментов не постојат никакви меѓународни прописи или стандарди за тоа како би се користеле ресурси кои овде се скудни а на Месечината ги има во изобилство. Технологијата ќе ги реши предизвиците но останува прашање како овде да не спукаат кој ќе копа таму. А имаат за копање и тоа нешто што вреди 20 милиони долари за килограм.