Воените власти во Сеул соопштија дека Северна Кореја продолжила да испраќа балони со ѓубре преку границата со Југот.
Ова е директен одговор што југот што ги рестартираше пропагандните пораки против Пјонгјанг кои ги пренесуваат со звучници долж проблематичната граница.
Во војната „ѓубре за ѓубре“, од мај досега, Северот има испратено на југ речиси 2.000 балони кои носат отпад. Го објаснуваат тоа како одмазда за пропагандните балони со ѓубре кои ги лансираат неомилените соседи.
Јужна Кореја тврди дека е обратно, дека ги пуштаат звучниците како реакција на северните балони.
А на звучниците оди сè што би требало да ги деморализира граничарите од другата страна: им пуштаат К-поп песни кои кај нив ги нема и е казниво ако ги слушаш, пуштаат вести за пребези од Северна кон Јужна и слично.
Двете Кореји технички цело време се во војна бидејќи конфликтот од 1950-1953 заврши со примирје а не со мировен договор.