Романската пратеничка во Европскиот парламент, Дијана Сосоача, била исфрлена од сесијата на парламентот на кој се дискутирала кандидатурата на Урсула Фон дер Лајен за втор мандат, од причина што не се трпела.
Прекинувала говорници, викала од место, мафтала со икони, барала Европа да ги тргне рацете настрана од Романија и слично, поради што неколкупати била опоменувана од претседателката на Парламентот, Роберта Мецола. Ама оваа, упорна да ремети.
Конечно била побарана асистенција од службите за обезбедувања кои дошле да ја испратат надвор од пленарната сала, по што си ставила кучешка маска за муцка, викајќи дека е обесправена и дека има право да зборува и да прави што сака бидејќи ја избрале Романците.
Правила за однесување во Европскиот парламент
Член 182 од Деловникот за „непосредни мерки“ предвидува дека:
1. Претседателот ќе повика пратеник да се држи до редот доколку ги прекрши правилата на однесување утврдени во членот 10, ставови (3) или (4).
2. Доколку прекршокот се повтори, претседателот по вторпат го опоменува пратеникот и тоа влегува во записник.
3. Ако прекршувањето на правилата продолжи, на пратеникот може да му се одземе правото на говор и да биде оддалечен од просторијата до крајот на седницата.
Член 10: Правила на однесување - Ставови (3) и (4)
3. Пратениците не го нарушуваат редот во салата за состаноци и се воздржуваат од какво било недолично однесување. Пратениците не истакнуваат плакати.
4. За време на собраниските дебати во салата за состаноци, пратениците не користат навредлив јазик.
Од она што може да се разбере од довикувањата на Сосоача која доаѓа од партија на крајна десница, се колнела дека верува во Господ, тврдела дека ЕУ ја упропастила Романија постојано помагајќи ја Украина која пак ја обвинила за дискриминација на романското малцинство.