Со полни 78 години Трамп сега е најстариот официјален претседателски кандидат во историјата на САД (Бајден наполни 78 на 20-ти ноември 2020, две недели по изборите) и како што забележува Вашингтон пост, кандидат кој е далеку потаинствен околу своето медицинско досие отколку Бајден.
Пост го обвинува Трамп дека и покрај својата дебелина и срцеви проблеми, за време на кампањата не споделил никакви понови информации за здравствената состојба, туку само објавил општо писмо од три параграфи од неговиот доктор, во кое пишува дека тој е во одлична физичка и ментална состојба.
Дури и по проверката и шиењето по обидот за атентат беше само соопштено што му било правено на Трамп, но не и резултатите од испитувањата. И кога беше претседател, матичниот доктор на Трамп објави дека тој одлично го минал когнитивниот тест но без да ги објави резултатите од истото.
Инаку за претседателските кандидати не постои никаква законска обврска за објавување на своите медицински досиеја, а за да се случи тоа тие би морале да се откажат од својата приватност и да му дозволат на докторот да ги пушти резултатите во јавност.
„Меѓутоа медицинските експерти објаснуваат дека имајќи ги предвид возраста на Трамп и нагласокот што претходно го имаше ставено на здравје, гласачите би имале корист од тоа ако сите во трката се транспарентни со заклучоците на нивните доктори,“ му порачува Пост на Трамп.
За време на претседателската трка 2015, Трамп побара од својот доктор, Харолд Борнштајн, да ја објави неговата цела здравствена историја. Борнштајн не го прави тоа, туку објавува писмо од четири параграфи во кое порачува дека Трамп ќе биде најздравиот поединец што некогаш бил избран за претседател. Подоцна Борнштајн, кој почина во 2021, во интервју за Си-ен-ен изјави дека Трамп го „издиктирал целото писмо.“
Дел од експертите со кои разговара Пост изјавиле дека Трамп се соочува со зголемен генетски ризик од деменција, потсетувајќи дека и татко му имал проблеми со Алцхајмер.