Неодамнешните медиумски стории за Камала Харис сугерираа дека таа е добро позиционирана за да ги придобие младите гласачи. Во реалноста, таа моментално е послаба од Џо Бајден кај гласачите на возраст од 18-34 години.
Потпретседателката губи од Трамп 39-58 меѓу помладите од 35 години во анкета спроведена од 19-21 јули. Тоа е поголема разлика од дефицитот на Бајден од 37-54.
Историски, демократите секогаш добро стоеле кај младите. Во 2020 година, на пример, Бајден во оваа група го победи Трамп со 60-36.
Последнава анкета е во остар контраст со огромниот број написи кои ја прикажуваат Харис како фаворит на Генерацијата З заради нејзината релативно млада возраст и поддршката од славните на кои деновиве им се приклучи и Бијонсе кoja ѝ даде дозвола во кампањата да ја користи нејзината песна „Freedom.“
Меѓутоа, онлајн културата поврзана со Ген З не е репрезентативна за генерацијата како целина. На пример, анти-израелска содржина доминираше на TикТок, војната во Газа беше главна тема на младите активисти на социјалните мрежи, па сепак, анкетите покажуваа дека тоа не е главна тема за младите гласачи. Војната е топ три прашања за 20% од младите гласачи, но трошоците за живот и инфлацијата - теми на кои Трамп силно гази - се клучни прашања за 70% од оваа група.