Дали чкртање на Прајд знаме стварно е „злосторство од омраза“?

Обезличување на знамиња на гордоста во источен Лондон беше оквалификувано како „злосторство од омраза“. Ендрју Дојл (патем, геј) вели дека е многу поверојатно тоа да е мотивирано од иритација што се трошат пари на овие бесмислени гестови за поддршка на заедницата која веќе ужива целосно еднакви права според законот. Бескрајните промоции на овие квази-религиозни симболи само дополнително ќе прават поделби меѓу луѓето.

Прајдот се претвори во речиси надреална тема. Од нешто што некогаш беше годишен марш на протест против неправедната криминализација на хомосексуалноста, тој се трансформираше во едномесечен панаѓур на кој корпорациите можат да мавтаат со својата поддршка за правата на хомосексуалците, сега кога тоа е е безбедно и профитабилно да се прави тоа.

Полицајци танцуваат наоколу, знамето се вее од врвовите на училиштата, болниците и зградите. Во источен Лондон, знамето е насликано и на земја, давајќи им на минувачите секојдневна шанса да оддадат почит на новата државна религија.

Не сите биле среќни поради ова па неидентификуван вандал ги обоил знамињата со црвена боја, а полицијата тоа го третира како „злосторство од омраза“. Нормално, полицајците ги посветуваат сите можни ресурси за да го изведат сторителот на овој грозоморен чин пред лицето на правдата, одејќи од куќа до куќа во потрага по сведоци и преземајќи форензички вештачења на местото на злосторството.

Истрагата ја води инспектор кој рече дека стои „со локалната ЛГБТКју+ заедница и нема да ги толерира овие одвратни злосторства од омраза“.

Дали е свесен дека многу геј луѓе сметаат дека Прајд знамето е инхерентно хомофобично (види: За кого всушност е тоа Прајдот? )? На крајот на краиштата, тоа претставува идеологија која се обидува да го искорени самиот концепт на хомосексуалноста и да го редефинира како „привлечност од ист пол“. Тоа е знамето на оние кои веруваат дека родово неконформистичка младина, од кои повеќето ќе пораснат во геј, треба да бидат медицински „поправени“ за подобро да се усогласат со хетеросексуалните парадигми. Ако инспекторот навистина стои со геј луѓето, тој треба да го награди вандалот.

Можеби лондонската полиција учи од онаа во САД , каде минатиот месец тројца тинејџери беа уапсени затоа што со своите скутери правеле „шкрипки“ на пешачки премин во Прајд бои во Вашингтон. Беа обвинети по член од закон за кривично дело за криминал од омраза кој носи потенцијална казна од 10 години затвор. Оние што обезличуваа статуи на основачките татковци на САД се охрабруваа како смели борци за социјална правда.

Настрана сите аналогии, обезличувањето на знамињата на гордоста во источен Лондон е вандалски чин и оттука е незаконски. Но, дали е тоа навистина „злосторство од омраза“? Многу поверојатно е дека е мотивиран од иритација што се трошат пари на овие бесмислени гестови за поддршка на заедницата која веќе ужива целосно еднакви права според законот - брендирање на еден премин во Блекпул чинеше 6.000 фунти од даночните обврзници. Да, дискриминацијата сè уште постои во Обединетото кралство, но тоа веројатно нема да се поправи со бојадисување асфалт.

Постојат и практични грижи за околу овие теренски дизајни. Активисти за правата на лицата со попреченост постојано истакнуваат дека пешачките премини во виножито предизвикуваат огромни проблеми за слабовидите и нивните кучиња водичи а за полициските коњи овие бои се дезориентирачки. Можеби вандалот во Блекпул воопшто не бил хомофоб, туку милитантен хипофил (оној кој сака коњи) кој не сака да ги гледа животните исплашени.

Се разбира, не го одобрувам вандализмот и, без разлика на мотивот, не можеме да толерираме оштетување на јавен имот. Но, исто така, верувам дека е контрапродуктивно таквите инциденти автоматски да се ескалираат во статус на „злосторство од омраза“. Пред сè, оние што се на власт треба да разберат дека овие квази-религиозни симболи се крајно разединувачки и дека провоцирањето на јавноста со нивните бескрајни промоции само ќе ги влоши работите.

Ендрју Дојл

23 јули 2024 - 19:25