Од карши, во кампот на Трамп, на исто мислење се пак 12% од испитаниците кои се сомневаат дека настанот е наместен.
Пукањето во саботата кое беше вчудовидувачки успешно се до последната секунда кога беше идентично неуспешно, беше извршено од 20-годишно момче, кое освен што го рани Трамп во уво, уби и еден маж од публиката.
Освен по партиски линии, како целина 20% од гласачите изјавиле дека теоријата дека пукањето е наместено е „кредибилна“, иако мнозинството, околу 62%, сметаат дека таа не е кредибилна. Остатокот не се сигурни или немаат мислење за ова.
Запрашани кој е виновен за целиот настан, 38% од испитаниците изјавиле дека Трамп си е крив, бидејќи создал бран на насилство во американската политика (со упадот во американскиот Конгрес на 6 јануари).
Наспроти нив, 29% од анкетираните изјавиле дека одговорноста за насилниот тон во политичкиот дискурс е кај Бајден. 31% вината ја префрлиле кај републиканците, а 25 кај демократите.
Најголем број биле наклонети кон начинот на кој Трамп и Бајден реагирале по обидот за атентат.
Повеќе од половина анкетирани Американци биле сложни дека до изборите во ноември ќе има уште насилство.