Кинезите извадија нуклеарен реактор кој не може да се стопи

Кинезите во живо и на терен демонстрираа супериорен и досега невиден нуклеарен реактор, дизајниран да може пасивно да се лади во случај на вонредна состојба, со што се спречува она најлошото кај нив - топењето, дури и кога ќе останат без енергија потреба на системите за ладење. За да го докажат тоа, му угасиле струја. 

Новата голема кинеска нуклеарна централа е првата во светот која е целосно отпорна на опасни колапси, дури и при целосно губење на надворешната енергија. Дизајнот не може да се прилагоди на постоечките нуклеарни реактори во светот, но може да биде урнек за идните.

Сите модерни нуклеарни централи се потпираат на механизми за ладење со електрична енергија за да се отстрани вишокот топлина од реакторите или, во случај на вонредна состојба, човечка интервенција за затворање на централата. Често се користи вода или течен јаглерод како течности за ладење, но потребна е енергија за да функционира таквиот систем.

Ако ваков систем ја утне работата, реакторите може да станат премногу жешки и да дојде до експлозии или прегревање, предизвикувајќи централата буквално да се стопи од вишокот топлина. Ова беше еден од факторите за нуклеарната несреќа во Фукушима во Јапонија во 2011 година.

Дизајнот кој го користат Кинезите (смислен од Германци) ја има предноста да е пасивно безбеден, што значи дека ако се изгуби енергијата за системите за ладење, реакторот може да се исклучи сам. Наместо да користи високо енергетски густи шипки за гориво како многу други дизајни на реактори, во овој систем се користат голем број „камчиња“ со ниска енергија како гориво, кои содржат мала количина ураниум опкружен со графит. Ова помага да се забави нуклеарната реакција и да се издржат високите температури. Помалата енергетска густина значи дека вишокот топлина ќе биде распространет на сите камчиња, и така ќе биде полесно да се транспортира со помош на природни процеси како спроводливост и конвекција, објаснува Же Донг од Универзитетот Цингхуа во Кина.

Системот е познат но ова е првпат реално да биде тестиран. Му ги угасиле модулите за ладење и реакторот природно се изгасил веднаш а се оладил за 35 часа.

23 јули 2024 - 10:36