Апсења за криминали во РЕК Битола
9 октомври 2025
- Вкупно 8 лица се осомничени во последната акција на Финансиската полиција и битолското Обвинителство.
- Меѓу приведените покрај сопственикот на компанијата Марковски, Борче Марковски, осомничен и еден вработен во оваа приватна фирма.Останатите осомничени се дел од поранешното раководство (технички директори) на ЕСМ и РЕК Битола.
- „Марковски компани ДООЕЛ“ од Битола е компанија која повеќе од две децении е активна во градежниот сектор, но стана најпозната по своите милионски договори со РЕК Битола. Марковски во јавноста е познат и како почесен конзул на Белорусија во Македонија.
-
Своевремено, на прес-конференција беше објавено дека омилената фирма на власта ќе заработува 63.000 евра дневно, со само 10 булдожери во РЕК Битола, пренесува Плус инфо.