Само неколку минути по задоцнето повлекување на Џо Бајден од претседателската трка, започна лавина од ласкање за неговиот херојски пожртвуван карактер и фасцинантните и невидени постигнувања на неговата администрација, подобри од оние на Франклин Делано Рузвелт.
Тоа доаѓаше од истите места и луѓе од кои последниве три недели стигнуваа само навреди и омаловажувања на Бајден и неговата ментална состојба. Неговите најголеми кодоши одеднаш станаа негови најголеми обожаватели.
„Сепак, ова е соодветен момент да се размисли за хаотичната состојба во Демократската партија, која сега, три и пол месеци пред изборите и помалку од еден месец пред нејзината августовска конвенција, всушност нема кандидат за претседател“, пишува Лајонел Шривер.
Вели дека најљубезно што може да се каже за Камала Харис е дека во интелектуална смисла, таа е перолесна категорија. Никогаш не кажала нешто оригинално и промислено, главно ја рецитира партиската линија. А некогаш е мрзлива да си ја сработи домашната и да ја запамти таа линија па прибегнува кон улога на воспитачка во градинка (види: Не се секирајте, ќе биде забавно и со Камала).
„Трамп е шупак, ама е барем оригинален како шупак“, пишува Шривер.
Камала Харис е ужасен оратор. Ако ја обезбеди номинацијата, нејзината празна, бесмислена, репетитивна и будалеста реторика за време на нејзиното потпретседателствување, на кампањата на Трамп му подарува материјал за серија ТВ реклами кои ќе бидат не само поразителни, туку и урнебесно смешни.
Пристапот на Камала кон нејзината примарна задача во администрацијата, хаосот на јужната граница, не беше само неефикасен, туку и непостоечки. Немаше пристап. За паметење е кога пред некое време беше притисната зошто никогаш не ја ни посетила границата, таа тресна: „Па, јас ни во Европа не сум била!“.
Камала е опседната со темата „идентитети“ за што човек не може да ја обвини: токму идентитетот а не некомпетентноста, ја доведе таму каде што е денес. Единствената причина поради која Бајден ја избра жената за потпретседател - жена која го нарекуваше расист за време на дебатите во 2020 година - беше нејзиниот троен статус: женско, некогаш црна, некогаш Индијка.
„Како претседател, таа би била толку болно надвор од нејзината лига што на прогресивните левичари кои манипулираа со политиките на Бајден веројатно сега се лигават, бидејќи контролирањето на агендата на Камала ќе биде уште полесно“.